MAMA

Еве што мислат луѓето за мажите што носат фустани – ќе се изненадите од нивните одговори!

Контроверзната дебата на Редит за мажите кои носат фустани

Дали оваа дебата ги даде вистинските одговори?

Една онлајн дебата откри како Австралијанците навистина се чувствуваат за мажите коие носат фустани, но дали тоа ја претставува вистинската слика за тоа како се чувствуваат мажите во оваа земја во однос на оние кои се осмелуваат да ги урнат родовите бариери во модата?

Фото: Принтскрин/Кристијан Вилкинс на црвениот тепих на Логис

Прашањето во оваа дебата на Редит која оваа недела стана вирална, беше: „ Како ќе се чувствувате доколку видите ваш близок маж облечен во фустан, која ќе биде вашата прва помисла?“.

Заинтересиран сум да видам како Австралијанците се чувствуваат по ова прашање, за мажи кои носат фустан, додаде објавувачот, во секојдневна и нормална смисла како би го прифатиле тоа.

Фото: Принтскрин/Кристијан Вилкинс

Најголемиот дел од одговорите биле или позитивни или неутрални, се појавил само мал дел на негативни коментари.

-О, маж во фустан. Не се гледа тоа секој ден, а потоа ќе си продолжам со мојата работа-е еден од најпопуларните одговори. Ова всушност го повторија многу луѓе на што еден додаде:
-Продолжи со својот ден. 2022 година сме, ништо не е чудно.

Фото: Принтскрин/Кристијан Вилкинс

Еден човек објави анегдота на оваа дебата, за возење по главната улица на Мејнфилд во Њукасл со својот татко, кој и не бил многу со отворени гледишта кон ваков вид на промени и случувања, кога здогледале две транс лица облечени во фустани.

Едниот носеше светло жолт фустан, додека другиот огнен црвен вечерен фустан со соодветен кармин, потпетици и блескава чанта.

Фото: Принтскрин/Кристијан Вилкинс на премиерата на Љубов и громови

Коментарот на мојот татко беше:- „Модерно облечен во црвено, рано наутро. Прекрасни чевли„.

Тоа беше моментот кога знаев дека можам да се отворам пред мојот татко-напиша човекот.

Сепак и покрај голем број на позитивни коментари кои се појавила на Редит во однос на оваа дебата, Кристијан Вилкинс вели дека бил бескрајно „тролан“ поради неговото смело носење на облека.

 

Фото: Принтскрин/Инстаграм#менверингдресес

Вилкинс на своите тролови им се обратил, чива мета бил откако се осмелил да им пркоси на родовите стереотипи, носејќи бел фустан со откриен грб на црвениот тепих на Логис во 2022 година велејќи:
-Луѓето ми велеа дека сум срамота. Мислам дека бев многу изненаден кога дознав дека патријахатот е толку слаб што може да биде симнат со парче бела свила.

Фото: Принтскрин/Инстаграм#менверингдресес

Моделот и актер Критијан Вилкинс рече дека е навистина шокиран од обемот на реакциите околу неговиот избор на облека и се надева дека ќе ги инспирира другите да го изразат својот вистински идентитет.

Откако Вилкинс слушнал дека се зборувало како неговите родители би се срамеле од него ако го видат како се облекува, додаде:

-Мислам дека причината што можам да излезам таму и да го правам тоа што го правам и да го носам тоа што го носам е затоа што знам дека тоа не е вистина и јас всушност ги правам моите родители многу горди-пишува Дејли Меил.

Фото: Принтскрин/Инстаграм#менверингдресес
Фото: Принтскрин/Инстаграм#менверингдресес

 

Фото: Принтскрин/Инстаграм#менверингдресес
Фото: Принтскрин/Инстаграм#менверингдресес/Денис Родман
Фото: Принтскрин/Инстаграм#менверингдресес

Извор: Дејли Меил

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close