Кафе муабет

Еве кого сакаше Цеца пред да го сретне Аркан – тој беше нејзината прва голема љубов

Цеца пееше и на свадбата на неговата ќерка

Сите знаеме дека Цеца Ражнатовиќ беше омажена со Жељко Ражнатовиќ Аркан на кој му беше извршен атентат во 2000 година.

Таа од овој брак има две деца – синот Вељко и ќерката Анастасија, а од својот син сега има и внук кој го носи името на нејзиниот покоен сопруг.

Но малкумина знаат дека пред да го сретне Аркан, пејачката имала неколку сериозни љубовни врски. Една од нив е со фудбалерот Владан Лукиќ, кој беше првата љубов на пејачката за кој знаеше јавноста, а медиумите своевремено пишуваа дека песната „Пушти ме да го видам“ е напишана за него.

Фото: Инстаграм/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

Нивната љубов се случи во 1989 година, додека Владан играше за Црвена ѕвезда, а таа беше на почетокот од својата кариера.

Фото: Фејсбук/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

Фудбалерот тогаш имаше 18, а Цеца само 15 години!

Фото: Фејсбук/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

Тогаш некои медиуми објавија и дека се свршиле и дека планираат свадба, но веќе следната 1990 година ќе се разделат.

Ќерката на Владан Сара пред неколку години се омажи, кога на свадбата и пееше токму Цеца, кога таа и се потсети на нивната врска.

„Јас дојдов тука со врски од пред 30 години, кога Владо и јас се запознавме. Тој на време знаеше со кого треба да се забавува, со пејачка. Шегата на страна Сара сакаше да пеам јас денес. Гледам дека сте одлично расположени“, коментираше тогаш Цеца со насмевка за медиумите.

Фото: Фејсбук/ Прнтскрин

Погледнете како изгледа денес човекот во кој некогаш беше вљубена напознатата фолк пејачка на Балканот.

Фото: Инстаграм/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

Инаку, Цеца неодамна заплови во нова романтична врска која веќе неколку месеци не ја крие од јавноста.

Фото: Инстаграм/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

Имено, познатата пејачка за време на новогодишните празници откри дека е во врска со Богдан Срејовиќ.

Фото: Принтскрин/ Телеграф

Тие беа задно на зимување, а со нив беше и ќерката на Богдан од неговиот претходен брак.

Фото: Инстаграм/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

Инаку, Богдан е девет години помлад од Цеца, но разликата во годините за неа не преставува проблем, затоа што тој е веќе возрасен и созреан маж. Како што вели извор за српските медиуми, и покрај големата разлика во годините, тие изгледаат и физички како одличен пар, посебно што пејачката го негува својот изглед и се држи одлично за свои години.

Фото: Инстаграм/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

„Таа е заљубена и не го крие тоа, и прв пат по долго време е сакана и да сака некого, а љубовта и се случи потполно неочекувано“, вели изворот.

Фото: Инстаграм/ Светлана Цеца Ражнатовиќ

„Дури и тоа што Богдан има ќерка од претходниот брак не преставува проблем за пејачката, туку напротив, тоа ги прави поблиски бидејќи и двајцата се родители, па знаат што значи грижа за децата. И бидејќи Богдан веќе е татко, нему не му е важно дали ќе има уште деца или не, а тоа ја прави Цеца поприлично релаксирана и не и создава притисок“, раскажа неодамна изворот за „Ало“.

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Светлана Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close