Кафе муабет
Еве како Илина Арсова изгледала пред 10 години и која е тајната на нејзината беспрекорна линија
Најголем „пopoк“ и се „сникерс“ сладоледите
Девојката на Игор Џамбазов, Илина Арсова, неодамна објави интересна фотографија на социјалните мрежи.
Имено таа сподели фотографија направена пред 10 години во Аргентина, од која можеме да видиме дека и покрај годините, таа не само што не се променила воопшто, туку сега дури и изгледа многу подобро.
Но во што се крие нејзината тајна?
Илина не ретко добива пофалби на сметка на својот изглед, посебно кога ќе објави фотографија на која во центарот на вниманието е нејзиното беспрекорно тело.
Таа секојдневно тренира и здраво се исхранува, а како што и самата изјави во интервју за Гламур, формата ја одржува преку возење велосипед, пливање во нашите природни езера или качување на карпи, соодветно опремени за тоа.
Што се однесува до тоа каква храна сака и што е она што најмногу готви, таа вели дека сака едноставна храна, но и дека обожава мешавина од вкусови. Речиси во се што приготвува става неколку видови семиња, а често јаде јајца, просо, леќа, сите видови тестенини, различни видови сирења.
Од зеленчук обожава морков, авокадо, зелка и краставица додека од овошките најмногу сака диња.
Навлечена сум на сникерс сладолед и одредени денови го консумирам во неограничени количини, вели искрено Илина.
Taa заради својот здрав режим на исхрана, но и редовните и напорни тренинзи има тело за какво сонува секоја жена, во што можеме да се увериме и од нејзините фотографии што ги објавува на социјалните мрежи.
Некои од нив погледнете во продолжение…