Кафе муабет

Еве како изгледа третата сопруга на Бора Чорба која е 28 години помлада од него!

За неа вели дека е неговата последна љубов...

Фронтменот на групата „Рибља Чорба“ се ожени во 2016 година со Дубравка Милаковиќ.

фото архива

Ѓорѓевиќ во едно интервју истакна дека имал желба да има уште деца покрај синот Борис, но тоа не му се исполнило.

– Има работи за кои жалам, а тоа е, пред се, што немам повеќе деца – рече Бора.

фото архива

 

Но малкумина знаат дека пред Дубравка, Бора беше во брак со Драгана, која трагично загина во март 2007 година по нивното раскинување.

Музичарот Бора Ѓорѓевиќ среќата ја најде покрај третата сопруга Дубравка Милатовиќ, која е 28 години помлада од него. Иако ретко се појавува во јавноста, сега екипата на Папарацо Лов ја снимила во негово друштво.

фото принтскрин/ Јутјуб

Имено, екипата на емисијата „Папарацо лов“ го снимила Бора со 28 години помладата сопруга на пат кон градот, каде застанале на ручек во еден белградски ресторан.

Она што многумина го забележаа е дека фронтменот на групата „Рибља чорба“ тешко оди. Бора неодамна беше примен во Ургентниот центар поради уролошки проблеми, но по прегледот на лекар беше утврдено дека може да биде пуштен на домашно лекување.

Фото Принтскрин/Јутјуб
Фото Принтскрин/Јутјуб
Фото Принтскрин/Јутјуб

Да потсетиме, Бора пред Дубравка беше во брак со Драгана. После тоа се мислеше дека Бора ставил точка на својот емотивен живот, но во 2010 година рокерот се вљубил во Александра, која набрзо стана негова втора сопруга.

Сепак, тие се разведоа во 2014 година, а потоа започна романсата со Дубравка за која Бора рече дека  е неговата последна љубов на која и ја посвети и книгата збирка песни „Пуст остров“ („Арте“).

фото архива

-Книгата ја посветив на мојата сопруга, мислам дека жените се најголемата и најдобрата инспирација на уметниците, а посбено жената која е до мене. Таа успеа да ме припитоми со годините кој ги имам сега, а тоа влијаеше да почнам да живеам релативно здрав живот, престанав да пијам и да пушам. Можам слободно да кажам дека мојот живот се продолжи од кога ја запознав мојата љубов,- изјави Бора во интервјуто за магазинот Story.

Фото архива
Фото архива

Малкумина знаат дека песната „Остани ѓубре до краја“ Бора ја посветил на неговата најголема љубов, манекенката Билјана. Нивната врска траела шест месеци а се запознале на еден настап во Сплит. Билјана го напуштила а по нивната разделба тој и ја посветил оваа песна.

фото архива

Неговите почетоци…

На 15 септември 1978 година, по основањето на неговата група, Рибља Чорба стана една од најпопуларните на просторот на Југославија. Во текот на својата кариера, фронтменот Бора Чорба стана еден од најконтроверзните вокалисти во тоа време.

Во 1990 година групата го издаде албумот „Коза ностра“, по што беа обвинети за навреда на работничката класа на Југославија. Бора Чорба бил голем противник на владеењето на Слободан Милошевиќ и тој негов став го изразил преку албумот „Њихови дани“, кој го издал сам, без учество на својата група.

фото архива

Тој е член на Демократската партија на Србија. По падот на Милошевиќ, тој бил советник на министерот за култура во владата од 2004 година, но по кратко време морал да даде оставка поради своите навреди кон телевизијата Б92.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close