Кафе муабет

ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА МАЈКАТА НА УБАВАТА ЏЕЈЛА РАМОВИЌ: Ретко се појавува во јавноста а сега пејачката реши да покаже од кого ја наследила убавината!

Цејла ја насмедила убавината од својата мајка...

Џејла Рамовиќ ги освои сите симпатии на гледачите на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, во кое победи, а иако има само 18 години, младата пејачка продолжува да нижи хитови.

фото инстаграм
фото инстаграм

Џејла е активна на социјалните мрежи, и редовно ги информира своите следбеници за секојдневните активности, а она што малкумина го знаат е како изгледа нејзината мајка.

фото инстаграм

Едита Рамовиќ, мајката на победничката на „Ѕвездите на Гранд“, исто така е активна на социјалните мрежи, а многумина заклучија дека Џејла од неа ја наследила убавината.

фото инстаграм

Инаку пред извесно време младата Џејла беше во центарот на вниманието поради наводната врска со Марија Шерифовиќ.
Како што неодамна објави српскиот Курир, тие нивната љубов ја кријат далеку од очите на јавноста. Победничката во Ѕвездите на Гранд наводно веќе со месеци живее во станот на својата менторка во Белград.

фото инстаграм
фото инстаграм

Гласините дека тие се заедно се посилно се слушаат и во јавноста, а тие и досега не криеја дека се одлични пријателки и на социјалните мрежи не ретко објавуваа заеднички фотографии. Но сега будното око на медиумите објави и неколку фотографии на кои тие наводно се заедно, а доказите за тоа случајно испловиле на виделина.

фото инстаграм
фото инстаграм

Тие двете во август 2019 беа заедно во Марбеља, а интересно е и тоа што Марија додека се уште траел натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ пред сите донела торта и и’ го честитала роденденот. Како што пренесува Курир, Џејла наводно запишала економија во Барселона, а не во Белград, за да можат поинтензивни да се дружат, без страв дека некој би ги фотографирал.


Инаку, и таткото на поп пејачката Рајко Шерифовиќ имаше коментар за врската на неговата ќерка со Џејла.
Познатиот хармоникаш за српските медиуми изјави дека имал прилика да ја запознае Рамовиќ кога пеела заедно со Марија на нејзиниот концерт.


„Одамна е познато кој пол го сака мојата ќерка. Моето дете има право да прави што сака. Од моја страна сé е дозволено! Џејла беше на нејзиниот концерт во Крагуевац, преубава девојка, ме воодушеви со своите манири, харизма и добрина. Тие двете и треба да бидат заедно, а најважно е искрено да се сакаат. Таа има се што мојата ќерка сака од партнерот.“

„Ме радува што мојата ќерка е среќна, а во тој случај полот е најмалку важен“, изјави Рајко.
„Не е важно дали ќе се жени или мажи. Ова со Џејла е нешто посериозно, не е авантура и мислам дека односот треба да го крунисаат со брак. Не ме интересира кој што зборува, бидејќи и за мене зборуваа дека сум коцкар и пи*аница“, изјави за српските медиуми таткото на Марија.


Откако српскиот „Курир“ пренесе детали од „дружбата“ на победничката на Евровизија и младата пејачка, наводно настанал хаос во домот на семејството Рамовиќ во Горажд. Родителите во неверување го читале она за што ништо не знаеле за односот на нивната ќерка и нејзината менторка, биле револтирани и бесни. Тие веднаш побарале објаснување од нивната ќерка, но Џејла ги убедувала дека со Марија е блиска како пријателка и дека љубовната афера и ја сместуваат љубоморните колеги од натпреварот.

фото инстаграм

Како што пренесуваат српските медиуми, таа наводно цело време на своите родители им зборувала дека останатите кандидати не можеле да го поднесат нејзиниот успех и со вакви приказни само сакаат да и наштетат.

фото инстаграм

Како што пренесува Курир, родителите на Џејла многу ја почитуваат и ценат Шерифовиќ, благодарни и се за се што направила за нивната најмлада ќерка, но сепак откако дознале дека помеѓу Џејла и нејзината менторка има нешто повеќе од пријателство за нив тоа бил тежок удар.
Извор близок до семејството вели дека на Џејла и е најважно нејзините родители да бидат смирени, па на сите можни начини ги убедува дека такво нешто не би дозволила и дека има момче кое наскоро ќе го запознаат.

фото инстаграм

Таа пред нив наводно истакнала дека Марија и е поддршка и помош во врска со кариерата и школувањето. Таа признала дека ја посетувала Марија во нејзиниот сан, но никогаш не спиела кај неа. Нејзините родители јасно и укажале дека Марија ја прифаќаат исклучиво како нејзина пријателка и колешка што и помага во кариерата.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close