Кафе муабет
Еве како изгледа денес најубавата полицајка во регионот: Се породи пред неколку месеци и го покажа извајаното тело- русокосата убавица го запали “Инстаграм”
Многумина и завидуваат...
Убавата русокоса која е дипломиран правник предизвика лавина коментари кога на својот Инстаграм профил објави фотографија во униформа.
Имено Лидија е дефинитивно најпопуларната полицајка на оваа социјална мрежа, а на својот профил редовно објавува фотографии во униформа и предизвикува бура од реакции.
Според коментарите на многумина таа е најатрактивната полицајка во регионот.
Жените во униформа привлекуваат големо внимание, меѓу другото и затоа што до неодамна ги немаше многу во споредба со посилниот пол.
Но денес, жените се повеќе ја одбираат оваа професија каде со голема посветеност и со многу труд и храброст секојдневно извршуваат тешки задачи, а една од нив е и полицајката Лидија Такач.
Имено, оваа убавица од Нови Сад неофицијално е најубавата полицајка во Србија. Таа стана вистинска ѕвезда на социјалните мрежи, а на Инстаграм ја следат преку 160.000 луѓе.
Таму таа со задоволство споделува фотографии во униформа, но има и такви каде е скоцкана во елегантни изданија.
Во лето најмногу внимание привлекуваат нејзините фотографии во костим за капење, кога Лидија опуштено лежи на плажа или позира пред огледалото.
Постојано добива комплименти за нејзиниот изглед, како и „непристојни“ понуди, но и шеги на сметка на нејзината професија.
„Уапси ме и земи ме со себе“, „Да ме апсеше ваква полицајка, ќе грешев секој ден“, „Ти си божица“, „Убава си, омажи се за мене“, се само дел од многуте коментари кои секојдневно ги добива.
Од друга страна, има и такви кои врз основа на ваквите фотографии ќе заклучат дека е „преубава за да биде полицаец“ или ќе проценат дека за девојка што изгледа убаво и атрактивно и постојано позира нема место во полиција, иако не ги знаат нејзините квалификации и способности.
Инаку, Лидија е дипломиран правник а неодамна се оствари во улога на мајка и роди девојче.
Еве како изгледа денес, најубавата полицајка во регионот: