Дом и семејство

Еве како изгледа денес момчето со леукемија чија слика го расплака светот (ФОТО)

Успеа да ја победи болеста...

Кејтлин Бурџ, мајка на момчето на кое му беше дијагностициран ра-к, пред неколку години објави фотографија со која буквално го расплака светот.

Фото Фејсбук/ Бекет Бургеј

Црно-белата слика го трогна светот, а за Бекет и неговото семејство денес е потсетник на исцрпувачката и тешка борба што ја извојуваа заедно.

Фото Фејсбук/ Бекет Бургеј

Во април 2018 година, на Бекет му беше дијагностицирана акутна лимфобластна леукемија, а неговата мајка реши јавно да ја објави тешката борба со која се соочи нејзинот син.

Фото Фејсбук/ Бекет Бургеј

Фотографијата која ја објави буквално ќе ви го скрши срцето. На неа може да забележите како постарата сестра го теши својот брат кој тогаш има 4 години а фотографијата е направена по хемотерапијата во 2019 година.

Фото Фејсбук/ Бекет Бургеј

Но иако трогателна, сепак фотографијата соопшти добра вест. Со оваа фотографија мама Кејтлин минатата година ја објави победата врз ра-кот. Малиот Бекет се вратил на училиште откако заѕвони за крајот на хемотерапијата.

Фото Фејсбук/ Бекет Бургеј

“Влезе неговиот онколог и рече:” Нема повеќе хемотерапија – завршивме. Се ослободивме од се. “Бекет беше шокиран. Неговото лице се развесели, тоа беше горчливо -сладок момент. Мислите дека ќе бидете среќни, но сега е застрашувачк моментот дека завршивме со хемотерапии и веруваме дека ра-кот ќе се држи настрана “, напиша Кејтлин.

Фото Фејсбук/ Бекет Бургеј

Неговата сестра Обри е само 15 месеци постара од него и не знаела, вели Кејтлин, ни што точно се случува, освен дека нешто не е во ред со нејзиниот помал брат.

Фото Фејсбук/ Бекет Бургеј

-Гледав како мојот син поминува низ сето тоа и се уште се смее. Ја гледав мојата слатка Обри како поминува низ тежок период во нејзиниот живот и станува толку независна. Таа го виде својот најдобар пријател/брат во состојба која ниту еден брат или сестра никогаш не треба да ја доживее, рече Кејтлин.

Фото Фејсбук/ Бекет Бургеј

Мајката истакнува дека нејзината ќерка имала големо влијание врз нејзиниот брат и му помогнала да ја надмине злобната болест.

Фото Фејсбук/ Бекет Бургеј

“Во неа виде мајчински лик, но сега стана понезависен. Секогаш кога Обри се обидува да му помогне, тој инсистира да направи нешто самостојно. Сега тие можат да играат нормално како другите браќа и сестри”, додава Кејтлин.

Фото Фејсбук/ Бекет Бургеј

По успешното лекување, Бекет се вратил на училиште, сега е здраво момче, во јули полни седум години, а Обри сè уште му е најблиската личност на светот.

Фото Фејсбук/ Бекет Бургеј

Обри наскоро сакаше да знае се за лековите и медицинската опрема на нејзиниот брат. Родителите и објаснија дека е болен, дека тоа е болест од која што не може да се зарази во училиште, градинка или во парк, дека не може да се спречи и дека нема да и се случи.

Фото Фејсбук/ Бекет Бургеј

Девојчето стана најголема поддршка за нејзиниот брат. Таа беше со него, и таа му помага и денес.

“Тој се уште се бори малку. Резултатот од хемотерапијата е болка во нозете, но во целина тој е среќен”, заклучи мајката.

Фото Фејсбук/ Бекет Бургеј

Кејтлин им даваше совети на оние кои се соочуваат со слична ситуација, а за жал ги има многу – рече дека е важно да ја држат главата горе, да живеат од ден на ден и да не се плашат да побараат помош.
„Запомнете дека ова е само едно поглавје во вашиот живот и можете да најдете волја да поминете низ него“.

Фото Фејсбук/ Бекет Бургеј

Да потсетиме, момчето доби висока температура на 23 април 2018 година. Лекарите рекоа дека има инфекција на увото и му препишаа антибиотици. Неговите родители следниот ден повторно повикале брза помош бидејќи температурата се уште се кревала. Во детската болница во која беа испратени, беа извршени сите тестови, и беше откриена тешка дијагноза.

Фото Фејсбук/ Бекет Бургеј

Акутната лимфобластна леукемија е најчестата форма на рак во детството. Тој е одговорен за 80 проценти од акутните леукемии во детството и е најчест помеѓу 3 и 7 годишна возраст. Оваа болест влијае на лимфоцитите кои не созреваат во развојот и стануваат вишок. Клетките брзо се размножуваат и ги заменуваат нормалните клетки. Некои од симптомите на акутна лимфобластна леукемија се треска, замор, болка во коските или зглобовите, крварење, лесни модринки, осип или промени на кожата и бледило.

Фото Фејсбук/ Бекет Бургеј

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close