Кафе муабет

Еве како изгледа денес Илма Карахмет – ослабна 20 килограми, нема да ја препознаете!

Младата пејачка ужива во бракот и славата...

Пејачката Илма Карахмет (21) победи во шоуто „Звијезде“ на RTL во 2018 година и доби парична награда од 100.000 куни.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

Таа се омажи на 18 години а денес храбро ја гради својата кариера во странство.

Илма неодамна ги освои срцата на Дин и Ден Катен, дизајнерите на брендот Dsquared. Модните близнаци ја слушнаа како пее во Минхен и набрзо ја поканија да ги почести со својот глас на нивна прослава.

– Соработката дојде случајно. Имав концерт во Минхен, каде што се појави еден од браќата. Се запознавме, тој беше воодушевен од мојот глас. Ги прегледаа сите мои видеа и ме поканија да им бидам гостинка на нивната роденденска забава – изјави Илма за српските медиуми.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

Посебна поддршка и дава сопругот Седин Лакача.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

– Мојот сопруг е мојата најголема поддршка и тоа можеше да се види за време на натпреварот. Има толку многу емоции кои живеат меѓу нас. Мислам дека ја имам најпрекрасната личност до мене и горда сум на тоа – изјави претходно таа за Вечерњи лист.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

– Откако сум во брак, животот ми стана многу полесен. Јас и сопругот сме доста организирани и водиме сметка за сè, особено кога станува збор за мојата работа и заедничкиот живот. Благодарна сум на сопругот за сè, а особено за неизмерното внимание, љубов, искреност и поддршка во работата што ја работам, тој е секогаш тука за да ми помогне. Оние кои го следеа тоа шоу можеа да видат каква поддршка имав од него за време целиот натпревар, и во приватниот живот е така. Неговата поддршка ми значи многу, и некако сè оди полесно кога сме заедно – рече Илма .

фото Инстаграм/ Илма Карахмет
фото Инстаграм/ Илма Карахмет

-Се омажив од љубов и на секого би му посакала да биде среќен како јас. Тој секако, покрај моите родители, ми ја дава најголемата поддршка, бидејќи сум жена и неговата машка рака ми треба“, откри Илма.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

Пејачката неодамна ослабе 20 килограми.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет

– Обично сакам да уживам во животот, не сакам да се оптоварувам со некои работи, музиката е најубавото нешто што го правам, па ја ставам на прво место – изјави таа.

фото Инстаграм/ Илма Карахмет
фото Инстаграм/ Илма Карахмет
фото Инстаграм/ Илма Карахмет
фото Инстаграм/ Илма Карахмет

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close