Дом и семејство

Еве како изгледаат денес најубавите близначки на светот- нивната мајка откри што прават тие секојдневно и доби низа критики!

Во 2010 беа прогласени з анајубави близначки во светот...

Близначките Ава Мари и Леа Роуз од Калифорнија се родени во јуни 2010 година.

Уште од мали нозе девојчињата запловеа во водите на моделите а станаа популарни благодарение на нивната специфична убавина.

Жаки и Кевин Климентс се родителите на близначките кои се неверојатно горди на своите две ќерки кои практично не ни шетаа по модните писти, а веќе беа прогласени за „најубави близнаци во светот“.

Медиумите пишуваа за тоа како нивните симетрични лица изгледаат токму како оние од најгламурозното списание, како и нивната неверојатно руса и свилена коса, мазната кожа, а нивната природна убавина не може да се опише.

Девојчињата се многу популарни на Инстаграм, и до сега имаат 1,7 милиони следбеници. Но минатата година се покажа дека, освен што нивните следбеници уживаат во фотографиите од преслатките близначки, тие се подготвени и за помош

Така ова среќно семејство беше погодено од голема несреќа кога на таткото Кевин му беше дијагностицирана ретка форма на леук емија.

Леа и Ава се обратија за помош преку нивниот профил на Инстаграм со надеж дека ќе најдат соодветен донатор на коскена срж.

 

Изненадувачки беше фактот што многумина од следбениците на Леа и Ава одговориле и биле подложени на тестирање за да му помогнат на Кевин.

Жаки во една прилика откри и дека уште од самото раѓање на близначките, постојано добивала исти коментари од познаници и луѓе што ги запознавала:

 

„Луѓето навистина ми велеа: Леле, тие се толку убави, навистина треба да размислите да за нивна иднина како модели!

Жаки ова го пробала кога девојчињата имале само шест месеци, но бидејќи имала и постар син, и било премногу тешко да ги усогласи обврските помеѓу мајчинството и фотографирањето на нејзините близнаци.

„Им реков на моите ќерки дека ако се подготвени, покрај танцување и пливање, можат да бидат и модели“, рече оваа мајка, коментирајќи дека тогаш почнале да скокаат од радост и дека едвај чекаат да започнат. Жаки исто така истакна дека Ава и Леа сакаат да бидат во центарот на вниманието.

Од друга страна, таа често се соочува со критики дека е лош родител кој ги притиска своите деца, дека заработува пари и дека Ава и Леа изгледаат тажно додека позираат.

“Дали ги познавате моите ќерки? Очигледно не, штом давате вакви коментари. Ја ценам вашата грижа, но моите девојки се добро! Тие се среќни. Тие имаат неверојатно детство, многу пријатели со кои играат цело време. Една поза не ја дефинира нивната личност или квалитет на животот “, напиша Жаки.

Таа одговори и на прашањето зошто близнаците на повеќето фотографии се професионално нашминкани.

„Индустријата го бара тоа од нив“, кратко прокоментира таа.

Жаки понекогаш дозволува нивните ќерки да ги читаат коментарите и нагласува дека за успех на Инстаграм најважна е естетиката, односно начинот на кој луѓето се претставуваат.

„Во моментов сме фокусирани на Јутјуб. Треба почесто да објавуваме клипови за да направиме заедница и тука“, вели таа.

 

Но откако беше објавено интервјуто со неа на BuzzFeed коментарите воопшто не беа позитивни. Имено, читателите на страницата укажуваат дека девојчињата немаат детство и дека амбициите на мајката за нив ќе заврши многу лошо.

 

 

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close