Кафе муабет
Еве каква е Анастасија во приватниот живот – за нејзиното момче само комплименти, за неа…
Прва ме поздрави во ходникот иако не се познаваме лично...
Пејачката Анастасија Ражнатовиќ заедно со нејзиното момче Ѓорѓе Куљиќ купиле стан во Дорчол,и неодамна се вселиле, а сега соседите ја опишале нејзината врска со другите станари, но и како се однесува кон нив.
„Овде живеат претежно млади луѓе и сите си ја гледаат својата работа. Ним баш и не им е важно кој е режисер, пејач или актер. Мислам дека тоа им се допаѓа на јавните личности, па сакаат да живеат тука за да имаат свој мир. Ја видов Анастасија неколку пати додека одеше во продавница и бев пријатно изненаден“, рекла сосетката и продолжила:
„Искрено, мислев дека е вообразена затоа што мајка и е позната, а сега и таа е во јавниот бизнис, но ме изненади. Прва ме поздрави во ходникот иако не се познаваме лично. Беше без шминка и во тренерка носеше ѓубре. Ја видов пред неколку недели кога отиде со другарките да купува работи за дома, тие и помогнаа, носеа многу кеси и даска за пеглање“.
Истата сосетка додава дека уште еднаш имала можност да ја види во опуштено издание: „Еден ден излезе да ја земе пратката со влечки за по дома“.
“Нејзиниот дечко е опасен бизнисмен, постојано е на мобилен телефон, зборува, склучува договори. Кога и да го видам е во некоја акција, секогаш е добро облечен. Никогаш не сум го видел во тренерка, секогаш е во кошула, без разлика дали се фармерки или панталони, ми се чини дека се одличен пар, таа е секогаш насмеана, често се шетаат на крајот на вечерта“, вели изворот за Информер.
Нивното ново љубовно гнездо чини 750.000 евра
Новиот стан на парот се простира на цели 200 метри квадратни, а станот го платиле 750.000 евра, со оглед на тоа дека се работи за нова зграда, на скапа локација кај Калемегдан.
– Купиле два стана од 100 квадрати кои се наоѓаат еден над друг и направиле дуплекс. Имаат пет спални соби, неколку бањи и огромна дневна соба, како и стаклена тераса. Мебелот го избраа одамна, ја реновираа кујната и сега уживаат – изјави неодамна извор за медиумите.
За потсетување, Анастасија и Ѓорѓе се вселија во стан кој го купија на Дорчула. Пред тоа две години живееа во Нови Сад, каде бизнисменот има куќа, а Анастасија често доаѓа кај мајка и во Белград. Поради нејзината пејачка кариера решиле да продолжат да живеат во главниот град.