Кафе муабет
Еве зошто сите зборуваат за новата девојка на Огњен Амиџиќ: Сподели фотографија без ниту грам шминка и ги доби сите комплименти
Тој и ги исполнува сите желби...
Водителот Огњен Амиџиќ веќе извесно време е во центарот на вниманието по разводот со Данијела Димитровска а потоа откако ја потврди врската со 17 години помладата колешка Мина Наумовиќ на големо се шушкаше дека таа е виновникот за разделбата.
Амиџиќ во своето шоу ја ангажираше и својата нова девојка, па Мина на јавноста и е позната по сегментот „Пази Мина“ во „Амиџи шоу“.
Инаку, Мина е многу привлечна, па привлекува големо внимание на социјалните мрежи, каде што често објавува свои фотографии во различни изданија.Таа сега реши да го покаже своето „вистинско лице“, па на Инстаграм сподели фотографија без ниту грам шминка.
Мина и Огњен неодамна се вратија од патување од Лисабон, а како што објавија медиумите, парот редовно оди на заеднички патувања. Исто така, се пишуваше дека водителот не штеди пари кога е во прашање неговата нова сакана, туку напротив ја изненадува со скапи подароци.
Да потсетиме, Огњен Амиџиќ и манекенката Данијела Димитровска по 10 години ставија точка на бракот. Заедно имаат син, поради што останаа во добри односи.
‒ Мина беше во тешка депресија, плачеше поради афера со постар маж, и зборуваше дека ја привлекувале постари мажи – изјави неодамна извор за за порталот BSC Happy.
‒ Таа рече дека тој има син, и дека и ветува дека ќе ја остави сопругата. Нивната врска не започна професионално, но Мина се обиде да се пробие во медиумите, најпрвин на порталите, но не и успеа, па Огњен ја стави да работи со него – продолжува изворот.
На големо се шушка дека всушност врската меѓу убавата Мина Наумовиќ и Огњен Амиџиќ била капката која ја прели чашата за Данијела Димитровска бидејќи трае многу подолго отколку што признава новопечениот пар.
‒ Кога слушнав од неа приказни за еден постар маж, за кој таа тврдеше дека никогаш не може да го именува бидејќи тоа ќе го загрози, Огњен сè уште беше во брак со Даниела и не се зборуваше за развод, барем не во тој момент. Сите тие нејзини приказни и плачење по него сигурно се случиле половина година пред неговиот развод, а може и многу подолго од тоа бидејќи ги слушав сите нејзини приказни минатото лето – истакнал изворот за порталот BSC Happy.
Потоа излезе веста дека Мина Наумовиќ која извесно време живее во луксузниот дуплекс на Огњен, побарала од него да го смени брачниот кревет во кој спиел со поранешната сопруга со која бил во брак десет години. Еден од условите за заеднички живот кои ги поставила Мина бил водителот да се ослободи од парчињата мебел што таа не сака да ги користи.
„Мина изгледа мила, но таа е вистинска опасница“. Свесна е дека Огњен имал живот пред неа и тоа е во ред, но и пречат некои материјални работи кои ги користела манекенката, на пример брачниот кревет. Таа побара од Амиџиќ што поскоро да се ослободи од него. Таа го фотографираше новиот мебел и неодамна ја објави сликата на Инстаграм. Не беше проблем само креветот, туку и телевизорот и некои други ситници, само за да има мир во врската. Таков е Огњен, сака да угодува, а свесен е и дека колешката и избраничката му е млада, па не сака да ја насекира и да ја натера да мисли дека негува некакви чувства кон поранешната сопруга“. изјавил извор за српски „Курир“.