Дом и семејство

ЕВА ЗОШТО РЕШИВ ДА СЕ РАЗВЕДАМ ОД ДАЈАНА: Жика Јакшиќ по цели 5 години прозборе за крахот на бракот – “Се чувствував задушено”

Останаа во добри односи...

Познатиот продуцент и водител зад себе има два брака, а сега конечно откри зошто се разведе од Дајана Пауновиќ.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

Разводот на Жика Јакшиќ и Дајана Пауновиќ и по речиси шест години не престанува да ја интригира јавноста. Познатиот продуцент и водител не крие дека не е за живот во двајца и затоа нема намера повторно да стапне на „лудиот камен“.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

„Двата пати решив дека сакам развод. Не беше лесно да се донесе таа одлука, ниту пак ја донесов во афект. Човек  прво мора да се бори за да го спаси бракот, но кога ќе види дека не може, треба да пресече. Кога престанав да се чувствувам добро во моите бракови, излегов од нив. Не сакам да звучам како да барам изговори, но навистина беше најдобро за сите. Ако е некаква утеха, јас сум во супер односи со двете бивши сопруги, се надминавме цивилизирано“, изјави Жика и истакна дека синовите секогаш биле на прво место.

Фото Инстаграм/Жика Јакшиќ

“Во разводите не треба да барате некого за да обвинувате, туку прифатите дека има луѓе кои се или не се еден за друг. Секогаш редовно се гледав со моите синови, бидејќи и двете мои поранешни сопруги се разумни. Ние децата секогаш ги ставаме на пиедестал и се мораше да биде во интерес на моите синови Душан и Андрија кои се обожаваат и имаат феноменален братски однос“, вели водителот кој за „Хит“ признава дека не е семеен човек.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

„Не сакам да сум на едно место, љубопитен сум и сакам сам да носам одлуки за мојот живот. По некое време не се чувствувам слободен во бракот, туку ме гуши и веројатно затоа има несогласувања. Можам да побегнам од секого, многу сум брз, но не можам од сам себе… Затоа не помислувам повторно да се женам. Се остварив и како сопруг и како татко , двапати. За мене секој нареден брак би бил свесен ризик. Ова за мене е одлично. Имам две деца, пријатели, работа што ја сакам и феноменална средина“, изјави Јакшиќ.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

Да потсетиме, постариот син на Жика Јакшиќ, Андрија Јакшиќ, со години живеел во Германија со својата мајка, но пред неколку години решил да го продолжи животот со сопругата во Србија и да започне со одгледување и производство на грозје.

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

Делумна причина зошто направил ваков избор е желбата да поминува повеќе време со својот татко, кој во детството не можел да посвети многу време на неговото воспитување, а има потреба и да биде со својот помал брат Душан, кого продуцентот го има со поранешна пејачка и водителка, Дајана Пауновиќ.

фото инстаграм/Жика Јакшиќ

Бидејќи медиумите долго време не земаа во предвид како изгледа постариот син на Жика Јакшиќ, никој не можеше да сфати каков однос има тој со Дајана, но сега таа реши да си ја отвори душата .

ФОТО: Инстаграм/Жика Јакшиќ /

Неодамна во изјава за Стори, шефицата на Фондацијата Дајана Пауновиќ откри како се согласува со Андрија:

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

– Андрија е прекрасен, млад човек, воспитан, образован, кој го обожава Душан. Сакам што се имаат, што се почитуваат и сакаат и што Душан иако е мал никогаш не го гледал Андрија како некој што не е дел од неговиот живот и покрај тоа што не живееше во Србија долги години и не е секој ден присутен поради работа. Мило ми е што мојот син има брат на кој знам дека секогаш може да се потпре и дека ќе му биде потпора цел живот – ја започна својата приказна Пауновиќ и продолжи:

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

-Го ценам и почитувам Андрија исклучително многу, тој е брат на мојот син, но и да не е, ја заслужува сета почит затоа што е квалитетна личност – заклучи таа.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

Иако не успеаја да го спасат бракот, поранешната водителка за еден медиуми открива дека поранешниот сопруг засекогаш ќе го гледа како член на семејството.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

– Целосно учествувам во растењето на Душан, како и целото семејство. Тој е центарот на нашиот свет и нашата најголема мотивација и двигател. Неодамна наполни десет години, а како голем навивач на Црвена звезда роденденот го прослави на стадионот Рајко Митиќ. Освен многубројните изненадувања што му ги приредивме, најголемото беше што доби честитки од Душан Влаховиќ, Душан Тадиќ и Александар Митровиќ – изјави Дијана и откри каков однос имала со Жика по разводот.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

– Не само што имавме цивилизирано раскинување, туку ја имаме и најубавата врска на светот, како двајца луѓе кои живееле заедно, споделувале убави и помалку убави моменти и го добиле најубавото дете. Ние се грижиме за нашиот син како очи во глава и сè уште сме едно големо семејство и така ќе остане засекогаш. Мислам дека живееме похармонично, поубаво и подобро од дваесет проценти од луѓето кои се во брак – заклучила за Глорија поранешната сопруга на Жика Јакшиќ.

ФОТО: Дајана Пауновиќ / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close