Нега и здравје

Д-Р НЕСТОРОВИЌ ОТКРИВА: Ова е најефективниот природен лeк против грип!

Во првите три дена од грипот температурата на телото е и до 40 степени...

Грипот сам по себе е најтешката вирусна болест на респираторниот систем. Се јавува сезонски и се манифестира со симптоми како треска, замор, главоболка, болки во мускулите и зглобовите.

Фото Илустрацја

Пациентот чувствува целосна слабост и беспомошност, губење на апетит, поспаност, конфузија и дезориентација.

Моментално се шири грипот кој дава екстремно високи температури кои многу тешко се симнуваат. Во првите три дена од грипот температурата на телото е и до 40 степени.

фото илустрација

Грипот може да биде придружен со повраќање и дијареа, особено кај малите деца.

Д-р Бранимир Несторовиќ, во интервју за српски Телеграф истакна дека првите симптоми на грип кај децата и возрасните се речиси идентични.

фото илустрација

– Грип може да имаш само 4-5 пати во животот. Така, на секои десет години може да имате грип. Ова се покажа како точно, а се останато се инфекции слични на грип. Грипот е ретка болест и зависи од тоа кога  прв пат ќе се разболите – ако првиот пат сте имале тешка форма на грип тогаш секогаш ќе имате лесна форма или ако првата била блага тогаш сите наредни ќе бидат тешка. Повеќето од денешните вируси се слични на грипот, Американците ги нарекуваат „летачки“ или болести слични на грип. Се е исто, така што и овој коронавирус ги има истите симптоми – вели д-р Несторовиќ.

фото илустрација

Тој посочува дека нема голема разлика кај возрасните и децата. Симптомите се воглавно исти а најчеста е високата температура.

фото илустрација

– Се манифестира во форма на многу висока температура, болки во зглобовите, болки во мускулите, главоболка и севкупно лош изглед.Грипот ги напаѓа сите органи и може да доведе до сериозни проблеми со срцето – предупредува д-р Несторовиќ.

фото илустрација

Природен лек протв грип вели дека е капина или боровниица.

– Има една интересна приказна за грипот. Во 2003 година, двајца палестински лекари во Израел откриле дека екстрактот од капините ефикасно делува на вирусот СИДА, па се справиле со него. Потоа го тестирале и за други вируси и се покажало дека има големо влијание на вирусот на грип. Потоа беа започнати мултицентрични студии на пациенти од Норвешка и Англија, а резултатите беа одлични. Меѓутоа, кога се покажа дека не можете да ги модифицирате оние антицијаниди кои ги има во капините и боровинките, тие кренаа раце, бидејќи сфатија дека не можат да го извадат лекот од него, бидејќи не е молекула а кога лекот не може да се изолира, тогаш нема профит. Секој може да направи црн сок денес. Познато е дека црниот екстракт е најефективниот лек за грип. Лековите за грип само го забавуваат неговото ширење, но во суштина не прават ништо за оздравување. Само побавно се шири, па лековите го скратуваат ефектот, да речеме, за еден ден вели д-р Несторовиќ и посочува дека кога станува збор за грип кај децата тогаш многу родители се исплашени бидејќи одбиваат да јадат, но според него тоа не треба да ги плаши родителите туку тие треба да настојуваат детето да внесува повеќе течности.

фото илустрација

-Детето тогаш не треба да јаде, тоа не е толку важно. Треба да пие што повеќе течности богати со шеќер, да речеме засладен чај, бидејќи им треба енергија. Но, тогаш децата обично не сакаат да јадат и се нерасположени.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close