Кафе муабет
Душко Тошиќ за прв пат по разводот: Тој е вистински фраер, сите му завидуваат поради ова!
Го фатија пред хотел...
Поранешниот сопруг на поп дивата Јелена Карлеуша за прв пат по разводот беше фатен во јавност, а фотографиите на Душко Тошиќ пред хотел во Белград предизвикаа голема врева.
Имено, поранешниот спортист, а сега фудбалски менаџер по разводот најверојатно продолжил со животот во свој стил, а дека нема место за тага се гледа од неговата насмевка и многу добро расположение.
Секогаш скоцкан од глава до пети, Душко овојпат се одлучи за малку полежерна варијанта, брендирана сива маица и бели бермуди кои ги искомбинира со бели патики, а целиот стајлинг беше одлично надополнет со очила за сонце и скап Rolex.
На човек со стил како Душко Тошиќ му доликува и автомобилот со кој стигнал на „место“, а острото око на седмата сила не можело да го пропушти ниту луксузното Порше.
Многумина се прашуваат дали Душко веќе најде утеха по разводот, а судејќи по овие фотографии, тој не изгледа на човек кој неодамна ставил крај на бракот.
Како Душко, така и Јелена продолжи со животот на свој начин, а јавноста почна да шушка дека таа веќе нашла и ново момче.
Како што се пишува во медиумите, наводно Јелена по разводот нашла утеха во туѓи прегратки а кој е среќникот е прашањето на денот што сите ги интригира.
Шпекулациите за новиот емотивен почеток на поп-ѕвездата само продолжуваат, а се започна по фотографија направена на забава во Белград на која таа лудо се забавувала во присуство на своите пријатели.
Имено, Јелена заминала на забавата со нејзината колешка Милица Павловиќ и долгогодишниот соработник Немања Бирташевиќ, а своевремено на уметниците и нивниот пријател им се придружила поголема, главно машка група.
Сите навистина добро се забавуваа, а деталите од забавата беа овековечени со фотографии кои пејачката ги сподели со своите следбеници на „Инстаграм“.
Токму една од нив ги заинтригира медиумите и јавноста. На неа Јелена позира додека згоден маж ја држи неговата рака околу нејзината половина.
Многумина ова го коментираа како случајност, а некои сметаат дека е ладна одмазда што Карлеуша му ја послужи на поранешниот партнер за одлуката да го напушти семејството. Засега не е познато дали споменатото момче е новото момче на Јелена Карлеуша или е само еден од пријателите во чие друштво уживала таа вечер.