Кафе муабет
Душко Тошиќ ги изненади сите со оваа одлука: Се врати во нејзината прегратка(ФОТО)
Дојде во Белград
Одлуката на Душко Тошиќ да се врати во Белград по бројните деловни ангажмани во странство привлече големо внимание во јавноста.
Сега кога бракот на Душко и Јелена е во процес на развод, медиумите будно ги следат поранешниот фудбалер и поп-дивата, па така секој чекор кој ќе го направат ги полни весниците.
Сега Душко очигледно решил да посвети време на себе и на семејството и покрај многубројните обврски во Турција, каде што патува почесто бидејќи работи како фудбалски менаџер. Тој се врати во Белград за да поминува повеќе време со своите наследнички.
Дека и Душко ужива во својот нов животен стил сведочи и најновата објава која со брзина на светлината се шири на социјалните мрежи, а коментарите за изгледот на Душко најчесто се во суперлативи, што посебно му се допаѓа на Душко.
Тој не сака да ја запостави својата голема љубов, и притоа го спои убавото и корисното, а на како што објавија тамошните медиуми, деловен ручек се сретна во кафеана со пријателите од светот на фудбалот. Душко е очигледно расположен, а тоа може да се забележи и на неговото насмеано лице, а судејќи по полната трпеза со добра храна и пијалоци, човек би рекол дека одлично се забавува.
Иако не се експонира претерано во јавноста, Душко споделува фотографии на социјалните мрежи, а имајќи предвид дека најчесто е во машко друштво, многумина се запрашаа дали популарната пејачка се уште е негова најголема болка.
Карлеуша го искритикува…
Јелена Карлеуша често истакнуваше дека сè што јавноста знае за неа всушност не е вистина. Дека приватно е многу поинаква, понежна и како што самата вели „досадна личност“.
Поп дивата во едно емотивно интервју откри детали за себе кои малкумина ги знаеле, спомнувајќи го нејзиниот сопруг Душко Тошиќ.
-Кога реков дека мажот мора да е лажен, мислев дека никогаш не смее да ги покажува своите вистински бои, своето вистинско лице. Моето вистинско лице е сето она за што јавноста на Балканот не ни сонува. Никој навистина не ме познава. Единствената што ме познаваше беше мајка ми, можеби моите деца, а не мојот сопруг. Јас, всушност, сум измамник на шоубизот. Бидејќи сè што мислат луѓето за мене, не е така. Извртена слика на жена која мораше да биде пет пати подобра од сите други за да има шанса воопшто. И тогаш се претвора во трка со самата себе, опсесија со его. Сликата што беше испратена за мене не е добра – искрена беше Јелена.
Меѓутоа, во едно големо интервју таа откри дека ниту еден маж никогаш не ја заштитил од вербални напади, вклучително и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, со кој е во процес на развод.
– Ниту еден човек никогаш не ме заштитил, вклучително и мојот. Секогаш ме навредуваа, ме понижуваа, а никој не помисли да ме брани како жена. Одбрана доживеав само од жени. И благодарам за тоа. Како општество ја нагласуваме борбата против насилството врз жените. Па зошто тоа не се применува кога се работи и за мене – рече Јелена и додаде:
– Кој ќе го преживее тоа што го преживеав јас, веќе не чувствува болка, удари, понижување, или тага… Чувствува само желба да преживее и многу често за одмазда, за жал – искрена беше Јелена.