Кафе муабет
Душко не се враќа дома: Додека Карлеуша верно го чека дома тој замина во Турција- еве со кого ужива овој пат!
Замина на деловна работа во Турција...
Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ ситно бројат до нивната повторна средба а дотогаш Душко изгледа нема намера да се врати дома.
Јелена Карлеуша се вратила од Дубаи и прво го посетила гробот на нејзината мајка Дивна. Во вилата на Дедиње со ќерките Атина и Ника се вратила на вообичаениот животен тек, чекајќи да заврши забраната за приближување, која му беше изречена на Душко Тошиќ по немилиот настан на Божиќ.
Додека се наближува обединувањето и конечното решавање на конфликтот на парот, Душко Тошиќ деновите ги поминува во Турција комбинирајќи го убавото и корисното.
Душко замина на работа во Истанбул, бидејќи сега е посветен на кариерата како фудбалски менаџер, а кога ќе му престанат работните обврски, време е за забава. Овој пат на задното седиште во лимузината, на изненадување на многумина, Душко беше фатен со српскиот репрезентативец Урош Шпајиќ, каде разговараа за потпишување на договорот со клубот Касимпаша.
Душко ја нападнал Јелена на семејниот ручек на Божиќ…
Пред да се случи немилиот настан, Јелена како и секој ден била на гробот на нејзината мајка Дивна, а потоа се вратила дома на семеен ручек со роднините. За време на божиќниот ручек, парот наводно жестоко се скарал, што кулминирало со плукање на Јелена, Душко ја плукнал во лице и ја удрил пред сите.
Некои пријатели блиски на парот тврдат дека ова не е прв пат да се случуваат непријатни сцени во нивниот дом, а Јелена со години се обидува да ги прикрие проблемите во бракот.
Откако беше сослушан, Душко Тошиќ доби 48-часовна забрана за приближување и комуникација со Јелена, а потоа беше продолжена за уште 30 дена.
Ова не е прв пат пејачката да го пријави сопругот во полиција поради семејно насилство. Јелена пред две години го обвини и пријави сопругот дека ја претепал во нивниот стан на Дедиње, но подоцна се предомислила и не сакала да го гони.
Полицијата потоа излегла на местото на настанот и разговарала со неа. Според тогашните извори на медиумите, пејачката изјавила дека нејзиниот сопруг психички ја малтретирал, дека ја нападнал, како и дека и ја вртел раката. Но, таа не сакала да биде повикана брза помош, ниту да поднесе пријава против Душко.
Полицијата разговарала и со Душко, кој тврди дека тој физички не ја нападнал Јелена, туку дека разговарале за бракот бидејќи имаат несогласувања. Против него не е поднесена кривична пријава, но тој и Јелена биле предупредени дека ќе одговараат доколку инцидентот се повтори, објавија тогаш медиумите.
Да потсетиме, Карлеуша и Тошиќ се венчаа во 2008 година, кога ја добија првата ќерка Атина. Една година подоцна, тие станаа родители на уште едно девојче, помалата ќерка Ника.
Душко има нова девојка?
Неодамна во медиумите се појави веста дека Софија Сашиќ е во тајна врска со Душко Тошиќ кој е во брак со пејачката Јелена Карлеуша.
Наводно Софија и 15 години постариот Душко одржуваат тајна врска веќе неколку месеци, па дури за тоа дознала и неговата сопруга.
– Софија уште од мала е навикната на удобен живот. Сака патувања, брендирана облека, оди на популарни места и иако е многу млада, живее на висока нога. Сите момци досега биле ситуирани и и обезбедиле животот каков што сака – рекол изворот за „Ало!“ на самиот почеток и открил како настанала емотивната врска меѓу Душко и Софија.
Мајката на Софија, Соња долги години е пријателка со сопругата на Душко. Тие двајца во неколку наврати се најдоа во исто друштво и потоа си се допаднаа. Секако, Софија знаела дека тој е оженет, па не сакала лесно да влегува во врска со него. Душко е 15 години постар, оженет, има две деца… – вели изворот.
– Сепак, тој и тврдеше дека бракот му е на стаклени нозе, ја опсипал со внимание и таа решила да му даде шанса. И двајцата многу патуваат, па контактите најчесто ги одржуваат во странство каде не мора да се кријат таму. Заедно се неколку месеци, нивните најблиски пријатели се запознаени со целата ситуација и им помагаат да се гледаат што почесто, без да предизвикаат сомнеж. Најчесто се во некој од неговите станови – објаснил соговорникот, и открил дека сопругата на Душко дознала за оваа афера.
– Неговата сопруга дознала дека Душко и Софија се во шема. Веднаш ја избриша од Инстаграм својата поранешна пријателка Соња и го прекина секој контакт со неа – заклучи соговорникот.
Инаку, Софија, како и нејзината мајка Соња, продава облека, а има и свој бренд. Таа е многу популарна на социјалните мрежи и често објавува фотографии од егзотични дестинации, што ги гледаат 130.000 луѓе кои ја следат на Инстаграм.