Кафе муабет

Душица замина да работи во Германија како бебиситерка, но само Господ ја спаси што се врати жива

И тоа беше да работи по препорака, кај познати луѓе

Приказна што ќе ве замисли

И додека многумина од петни жили се мачат да заминат на печалба во Германија, оваа девојка има поинаква приказна.

Само благодарение на Господ се вратив жива и здрава од печалба во Германија, вели таа за своето лошо искуство.

На ваков шокантен начин за „Жена.рс“ ја започнува својата исповест 42-годишната Душица М. која како и многу други кои живеат на овие простори, се обидела својата среќа да ја побара во ветената земја Германија. Но како што вели таа самата, само благодарение на Господ, успеала да се врати жива и здрава дома, па решила да ја обелодени својата голгота низ која што поминала.

epa08418763 (FILE) – Two people witht their trolley bags walk past a road sign at the border crossing between Germany and Austria in Scharnitz, Germany, 16 March 2020 (reissued 13 May 2020). Media reports state on 13 May 2020 that Germany is planning to partially ease border controls as early as 16 May 2020, following a decision of the Cabinet. At the same time, Austria is planning to reopen the border with Germany as early as 15 June, media added. EPA-EFE/PHILIPP GUELLAND

Нејзината приказна започнува во мај 2019 година, кога нејзините родители се сретнале со роднина која што и понудила, како што тогаш мислела, единствена прилика. Имињата во оваа приказна се променети, за да се обезбеди анонимност на сите актери, а приказната започнува вака:

Не сакала да ја испушти шансата

„На слава се сретнав со мојата роднина Драгана. Таа ми спомена дека нејзината кума Сања и нејзиниот сопруг, по струка машински инженери, живеат во Германија и дека им е потребна помош околу нивното дете.

„Детето кое би требало да го чувам има две години, а би ми обезбедиле плата, храна, сместување и средства со кои би го помирила трошоците за патување и осигурувањето. Се двоумев само заради терапијата што ја добивам од Институтот за ревматологија во Белград каде веќе три години наназад морам да се појавам еднаш месечно.

Размислував за тоа, додека Сања инсистираше да појдам и да останам шест месеци иако со српски пасош имам право да престојувам најмногу 90 дена. Таа ме уверуваше да не се грижам бидејќи наводно имала врски на граничниот премин во Хрватска, и дека таа ќе ги сноси трошоците за евентуалната казна што би можела да ја добијам. И откако на својата докторка и ја објаснив ситуацијата, таа ми дозволи да отпатувам на три месеци“, вели оваа жена.

Проблеми уште на самиот почеток

По многу договарања со Сања за да го договорат термините, на крај се договориле Драгана да дојде во Германија при крај на август и да остане до 1 октомври, па потоа сите заедно со автомобил да се вратат во Србија на седум дена, каде сите ќе ги завршат своите обврски, а потоа сите заедно повторно ќе се вратат во Германија каде Душица би требало да остане до Велигден следната година. Сања на Душица и споменала дека таа и сопругот имаат околу 10.000 евра месечни примања и дека финансиите не им се никаков проблем.

Тие се договориле да тргне на 18 август со тоа што сопругот на Сања и резервирал билети на Душица со автобус. Но уште на самиот почеток и се случиле проблеми – билетот и го испратиле преку електронска пошта и неколку пати и нагласиле дека тргнувањето е во недела навечер, во 00.05. Но во таа гужва не забележале дека всушност автобусот трга во сабота, така што кога Душица сакала да влезе во автобусот, шоферот и кажал дека нејзиниот билет важел за претходниот ден. Заради тоа целото патешествие било презакажано за по една недела. И по многу часови патување, Душица конечно пристигнала кај нив. И бидејќи пристигнала во три част по полноќ, ја пречекал само сопругот на Сања.

Агонија што трае

„Сите спиеја и тој веднаш си легнa. Во нивната спална соба има голем тоалет. значи нема туширање додека не станат, а јас сум изморена и испотена од пат, додека надвор се 30 степени. Во малиот ходник има помал тоалет во кој имам пристап, а кое има само лавабо и шолја. По три дена константно седење, конечно барем малку да легнам, надевајќи се дека следното утро ќе се истуширам и дека ќе си дојдам при себе. Околу пола до десет станаа сите, но веднаш продолжија со своите обврски, па немаше време да го направам тоа што го планирав. Сања постариот син од 10 години го испрати на екскурзија, а јас веднаш преземав грижа за помладиот за кој и дојдов“.

„Дури околу три часот попладне конечно и јас се избањав. Сања и нејзиниот сопруг се пожалија на претходната дадилка која постојано им се јавувала на телефон и ги молела да излезат од работа. Што се однесува до мене, нивниот син Ива имаше врвен третман и секогаш знаев како да го смирам, да му дадам јадење и се што е потребно. Правев и многу други работи кои не ми се во описот на работата. Правев јадење иако тоа не ми беше во описот на договорот“.

Бесчувствителност

„Во денот вкупно имав само околу два часа слободно време и тоа во главно го минував седејќи на скалите од зградата, плачејќи и броејќи ги деновите до враќање дома, вели таа и додава дека договорот бил дека ќе спие на каучот во дневната соба, која како што и кажале не е прометна. Но излезе дека целото семејство престојува таму додека не замине на спиење, околу полноќ, а Душица константно била исцрпена“.

Првиот сериозен судир се случил кога и се пожалила на Сања дека добива лош третман од нејзиниот постар син.

„Ти знаеш дека имам две деца и дека мораш да водиш сметка за нив?“ и кажала Сања и ја шокирала затоа што тие јасно се договориле дека ќе и биде обврска да го чува само помладиот син. Но кога и го кажала тоа , таа и се развикала и веднаш и кажала да го напушти нејзиниот стан.

Душица сакала тоа да го направи, но сопругот на Сања ја разубедил да остане и да не ги остава на цедило. Неколку дена подоцна, таа дознала дека нејзиниот сопруг имал тешка сообраќајна несреќа, но за среќа останал жив.

Сања воопшто не се вознемирила во врска со тоа, туку само ладнокрвно и кажала, „Па ете, барем е жив“.

Конечно светло на крајот од тунелот

„Таа од мене го исцеди секој атом енергија, и тогаш конечно седнавме во автомобилот и тргнавме дома. Ми се раздени кога стигнавме. Работев за плата од 500 евра, далеку под пазарната цена, бидејќи таа мислеше дека сум бедна. Далеку од тоа, од оваа приказна се гледа кој е беден, на крајот ми останаа и должни околу 150 евра. Кога преку Вибер конечно ги прашав за тоа, прво ме блокираше сопругот на Сања, а потоа и Сања“, ја завршува својата приказна Душица.

epaselect epa08349159 A general view of the street Frankfurter Allee during sunset in Berlin, Germany, 07 April 2020. Due to the ongoing pandemic of the OVID-19 disease caused by the SARS-CoV-2 coronavirus, most of the shops, museums and concert halls in Berlin are closed. Weekly markets, pharmacies, banking institutes, supermarkets, petrol stations and some other shops are still opened. People are allowed to visit parks in gatherings of people containing not more than two persons or as families. Physical training alone is allowed. The weather presented temperatures around 20 degrees. EPA-EFE/CLEMENS BILAN

Таа својата приказна реши да ја пренесе за да ги предупреди сите оние кои планираат да заминат на работа во странство на црно.

Извор: Жена.блиц.рс

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close