Новости

Дупка во знаењето поради онлајн настава?- одржување на континуитетот, но не и квалитетот на наставата!

Педагозите велат онлајн наставата остава дупка во знаењето

Речиси во целиот свет, основните и средните училишта работат преку онлајн настава.

 

Но дали се гледа резултат од сето тоа? Може ли учениците да научат преку онлајн настава, и да добијат успех како кога се физички присутни на часови во училиште?

 

 

Одговорот на ова прашање најверојатно е Не.

Учењето на далечина остава дупки во знаењето. Секако можеби е најсоодветна замена за да има континуитет на наставата, но сепак не е со онаков резултат како што се предавањата во училиштето.

 

 

Тоа го потврдија и група педагози од Србија кои истакнаа дека и покрај сите потешкотии во организирањето на работата во епидемиолошки несигурни околности, образовниот систем функционира оптимално, позицијата на директорите на училиштата е вкоренета. Во исто време, тие не кријат дека анализите покажуваат полоши резултати, и учениците кои одат на училиште и оние кои учат онлајн одговараат само за оценувањето.

 

 

Со онлајн настава секако се одржува континуитетот, но не и квалитетот на наставата и учењето во епидемиолошки услови во една нетипична учебна година кога наставата трае по 30 минути.

Само учениците од основно училиште од прво до трето одделение доаѓаат на училиште секој ден.

 

Според педагозите од повеќето образовни установи, образовните достигнувања годинава се полоши од просечниот успех на учениците кога основните и средните училишта работат во редовни околности.

фото деца.мк

 

Педагозите во Србија ги сумираа знаењето и напредокот на учениците во така наречениот прв квартал од оваа учебна година, и дојдоа до заклучок дека онлајн наставата не е соодветна замена.

Според нив, особено е тешко за првачињата да следат настава од 30 минути, бидејќи тие се уште не можат да се прилагодат на работните обврски.

Постои разлика помеѓу директна работа со ученици во училница и образование преку компјутер, или комбиниран модел кој ги вклучува обете овие варијанти.

фото Пулс 24

 

Ова може да се види и во оценките. Колку и да имаат разбирање наставниците, а верувајте го имаат, тие не можат да гледаат низ прсти и не даваат повисоки оценки кои не се резултат на знаење затоа што, објективно, тоа би било на штета на учениците. Постојат повеќе причини за послаби резултати оваа година. Децата учат помалку затоа што не доаѓаат на училиште секој ден. Кога тоа дете не е на час на училиште, многу е послаб успехот,  повеќето ученици се запознаваат со материјалот од ТВ лекцијата, но тие не пишуваат сè што им треба во тетратка и не ги пишуваат сите домашните задачи.

Фактот дека учениците од основните училишта одат на училиште три дена една недела, а следните два, па да речеме дека имаат закажано предмет само во петок секоја втора недела во училиште, остава празнини во знаењето, дури и кај совесните и вредни ученици кои иако не се во училиштата не пропуштаат часови онлајн – посочува Мирјана Слобода,  директор на основното училиште „Скадарлија“.

 

Мирјана нагласи дека постои желба и кај учениците и наставниците да доаѓаат на училиште секој ден, доколку може да се усогласи со препорачаните мерки за здравствена заштита.

Таа посочи дека покрај тоа што часовите траат по 30 минути, односно се намалени, и се одржуваат онлајн, сепак обемот на материјалот не е скратен, а тоа е и причина плус за послабиот резултат, а оваа ситуациај речиси е идентична и во средните училишта.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close