Кафе муабет

Драстично ослабна па сега се соочува со нови проблеми: Бојана Стаменов откри се за проблемите по слабеењето

Вели дека сега се чувствува прекрасно...

Бојана Стаменов е дамата со извонреден глас која единственото решение го пронајде во диетата што и помогна да ги надмине здравствените проблеми со кои се соочила пејачката.

фото инстаграм/Бојана Стаменов

Имено, таа од ден на ден станувала се понервозна, најчесто без причина, шеќерот во крвта и скокнал на 30, а видот и бил заматен и не гледала добро.

фото/ Ata Images

Нејзината диета е многу ригорозна, но да не беше така, поп-ѕвездата за краток период немаше да ослабе дури 80 килограми. Пејачката година и пол им вели не на слатките, грицките и други непотребни и штетни работи, почнала и да тренира, што дополнително и овозможило да ја врати виталноста на телото. Таа ослабе, изгледа и се чувствува многу подобро. Почна да работи на нови песни и се случија многу нови работи по нејзината одлука да ги промени своите навики. Таа тврди дека нејзиниот живот се свртел за 180 степени и не е подготвена да се врати на стариот начин на живот.

Ata Images

– Повеќе би сакала да ви претставам нови проекти отколку да зборувам за диетата, но убаво е да се биде сакан, ви благодарам за вниманието и на поддршката. Работам на тоа фустаните кои ги носам да ми стојат убаво, многу подобро се чувствувам.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Бојана истакна дека моментално слабеењето оди потешко но дека таа е задоволна од нејзиниот резултат па и доколку не ослабне дополнително, сепак сега се чувствува убаво и исполнето.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

На прашањето дали има повеќе додворувачи таа истакна дека момчињата не и приоѓаат и порача: Ако момчињата како ловци не го направат првиот чекор тогаш тешко дека би се нашле…

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Бојана во една прилика откри дека најпрво била решена да оди на интервенција за намалување на желудникот, за што почнала да се подготвува.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Бидејќи за операцијата морала да го контролира шеќерот и да ослабе, ја променила исхраната и почнала да вежба, а по четири месеци почнала да слабее. За краток период ослабела 30 килограми и сфатила дека намалувањето на желудникот е губење време и многу ризична работа.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Исхраната на Бојана Стаменов се состоеше од пилешко, јајца, риба, салата, овошје, сето тоа по однапред утврден режим, истовремено активно тренираше и разговараше со својот тренер дали во текот на денот била под стрес. Сето тоа заедно и помогнало да изгуби осумдесет килограми.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Пејачката пред некоја година искрено раскажа како се чувствува поради вишокот килограми. Срpската џез и блуз пејачка која ја претставуваше Србија на Евровизија во 2015 година, тогаш отворено проговори за проблемот со килограмите, и посебно за тоа со какви предрасуди се соочуваат дебелите луѓе.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

-Постои најстрашна дискриминација на дебелите луѓе. Во кафулињата ставаат столчиња со потпирачи за рацете, што сакаат, да им седнат само згодни риби, а ние убавите и паметните немамо право да пиеме кафе? изјави тогаш Бојана.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

-Дебелите жени имаат проблем да купат обичен градник, верувале или не, Ако си дебел, нема облекување по последна мода, бидејќи се што е за полни дами, доаѓа од Турција, па изгледаш како немажена баба-тетка која ја жали целото семејство.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Не можам да најдам ни адекватни обувки на високи потпетици, кои сакам да ги носам, изјави Бојана и додаде: За нас, обувките мора да бидат квалитетни, поцврсти, а јас сакам да бидат и стилски, рече Бојана за проблемите со кои се соочувала поради килограмите.

ФОТО: Бојана Стаменов / Инстаграм

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close