Кафе муабет
Драма во семејството Шаулиќ: Гоца во шок- му се налути на синот поради новата девојка!
Она што посебно ја налути Гоца е информацијата дека станува збор за жена која е поранешна снаа на семејството Кариќ...
Синот на Шабан Шаулиќ, Михајло, многу ја растажи неговата мајка Гоца.
Имено, посветената мајка, која ја дава целата своја љубов и поддршка на своите деца, беше многу разочарана кога дозна за новиот емотивен избор на нејзиниот син и тоа од медиумите.
Михајло Шаулиќ, кого јавноста претходно го запозна со Александра Младеновиќ, сега влезе во нова емотивна врска со жена која веќе има брак и дете зад себе. Она што посебно ја налути Гоца е информацијата дека станува збор за жена која е поранешна снаа на семејството Кариќ.
Како што открива извор за српски „Скандал“, Гоца имала можност да се сретне со Тамара Николиќ, но не знаела за нивната врска.
– Гоца ја запозна девојката, знаеше дека е богата и има дете, но другите детали од неа ги криеја Михајло но и неговите сестри Илда и Санела – започнува изворот и додава:
– Михајло им рече на своите сестри дека ќе и објасни се на неговата мајка, не му паднало на памет дека ќе прочита се во медиумите бидејќи обично не чита весници и портали. Но, овој пат беше поинаку, Гоца ја виде веста и речиси се онесвести од шок.
По фотографиите кои ги виде а на кои синот на Шабан Шаулиќ и поранешната сопруга на Симон Кариќ се исклучително блиски, на Гоца и се слоши.
– Гоца се шокираше кога виде слики во медиумите на кои Михајло е близок со нова девојка, па почна да му вика на својот син: На што личи ова?! Како можеш да го посрамиш своето семејство! Можеш ли да најдеш девојка без да те следат медиумите и скандалите, постојано создаваш некои проблеми – рече изворот и објасни:
– Гоца не е толку исплашена што оваа девојка имаше сопруг и дека има дете, само се грижи дека Михајло конечно треба да се среди и да биде во сериозна врска а не вака на секои неколку месеци да биде со друга девојка.
Михајло и Тамара се запознаа минатата година во септември, а во последно време нивната врска прерасна во нешто поинтимно. Меѓутоа, ниту Михајло, ниту Тамара засега не прозбореле на оваа тема, бидејќи и двајцата сакаат своите емотивни избори да ги чуваат во тајност и подалеку од медиумското внимание.