Дом и семејство
Драгана Мирковиќ ја кажа вистината за третото дете: Ова никој не го знаеше- пејачката искрено прозборе за најболната тема
Посакувала уште едно бебе...
Драгана Мирковиќ повеќе од две децении живее во Австрија со нејзиниот сопруг, бизнисменот Тони Бијелиќ и наследниците Марко и Мануела.
Нејзиното семејно катче, замокот Ебенфурт кај Виена го одзема здивот, а пејачката и нејзиниот избраник, бидејќи не го завршиле реновирањето на замокот, секој ден се трудат да го направат безбедно катче и оаза на мирот.
Фолк ѕвездата ги отвори вратите од својот дом и покажа како го уредила за празниците.
Иако живее во луксуз, за кој многумина можат само да сонуваат, Мирковиќ не ги заборавила своите корени.
Таа често го посетува имотот во Касидол, каде што заедно со родителите, бабата и дедото се грижела за градината, чувала овци и крави, носела сено, а селските ора што сакала да ги посетува дури и на врвот на нејзината популарност се незаборавно нешто за неа.
Домот на Драгана Мирковиќ во Касидол и понатаму е омиленото катче на естрадната уметница и местото каде што се чувствува најубаво.
Пред да се омажи за Тони и да одлучи да го продолжи животот во Австрија, пејачката сакала да ги угости пријателите во својот дом, Лепа Брена и Боба безброј пати и биле гости, Шемса Суљаковиќ исто така и многу други колешки.Драгана во тие денови била голема ѕвезда а немала проблем да ја отвори вратата од нејзиниот дом за новинарите, кога беа направени единствените фотографии од нејзиното семејно катче.
Веќе од првата слика се гледа дека се работи за двокатна куќа со бело-беж фасада. Секоја соба на првиот кат излегува на тераса, додека приземјето води до прекрасно искосен двор.
Домот на Драгана Мирковиќ во Касидол има дневна соба со стилски мебел што таа го купила од нејзините хонорари. Пејачката ја уредила својата соба со нејзините пари, која потоа била украсена со постери на странски естрадни уметници, на пример Мадона. Нејзината комода, пак, изобилуваше со награди, признанија и писма од обожавателите.
– Колегите понекогаш ми велат: „Ти си луда, што ти треба да го правиш тоа па и да зборуваш јавно?“ Не ги разбирам. Па јас сум дете од село, тоа го знаат сите и се гордеам со тоа. Таман работа да се срамам – изјавила Драгана која долго време не сакала да купи стан во Белград, токму поради тоа што срцето и останало во Касидол.
Дека секогаш се враќа во својот роден крај покажува и фактот што Драгана Мирковиќ ги прослави празниците со семејството во Касидол. По тој повод, фолк дивата за прв пат откри и дека многу страдала бидејќи не и се исполнила желбата да роди трето дете.
‒ Добив се во животот освен третото дете, за жал. Малку доцнев со тоа и се преценив. Сите ми велеа: „Ох, изгледаш помлада, невозможно е да си на таа возраст.“ И така малку се заборавив и кога сакав да се израдувам со друго бебе на четириесет години, мојот биолошки часовник чукна така што, за жал, не можев да имам трето дете. Тоа е мојата единствена неостварена желба – откри Драгана и истакнала дека поради тоа долго патела.
‒ Некое време многу страдав, но веќе не затоа што имам прекрасни деца и со нетрпение ги чекам нивните деца, па ќе надокнадам еден ден. Додуша се уште се млади, треба уште да проживеат за подоцна да бидат спремни за брак. Треба да се забавуваш кога си млад, а кога ќе се омажиш млад, тогаш тој недостаток на забава те фаќа кога не треба, па не им го препорачувам тоа искрена беше Драгана.