Кафе муабет

Документот е потпишан: Прва објава на Душко Тошиќ по семејната драма со Карлеуша!

Се врати во Србија...

Официјално истече забраната за приближување која Душко Тошиќ ја доби откако на Божиќ се расправаше со сопругата Јелена Карлеуша. Сепак, одлуката на Душко Тошиќ да се врати дома шокираше многумина.

фото Инстаграм/Јелена Карлеуша

Имено, Душко се уште не пристигнал во вилата на Дедиње, а не е познато дали веќе разговарал со сопругата.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Она што се знае сепак е дека хартијата е потпишана, поради што поранешниот фудбалер е неизмерно среќен. Не, не станува збор за документи за развод, туку за уште еден успешен трансфер и потпишан договор, за кој посредуваше Душко.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Душко објави фотографија со унгарскиот фудбалер Кевин Варга, кој благодарение на посредништвото на Душко играше во Касимпаша.

Фото Инстаграм/ Душко Тошиќ

Одлуката на Душко Тошиќ е да го стави фокусот на работа во овие турбулентни времиња, а како ќе се развиваат работите по неговото враќање во Србија, останува да видиме.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Инаку пред три дена на Душко му истече забраната со која не смееше да и се приближува на сопругата Јелена Карлеуша која го пријавила за семејно насилство за Божиќ.

Фото Инстаграм /Душко Тошиќ

Душко прво доби забрана од 48 часа, а потоа Првото основно јавно обвинителство во Белград предложи забраната да биде продолжена за 30 дена.


Според „Курир“, судот го прифатил предлогот за истекување на забраната за пристап, а сега се чека извештајот на Центарот за социјална работа и изјавата на оштетената.

Фото Инстаграм/ Кatarinatp81

Имено, Карлеуша тогаш го пријавила Душко бидејќи фудбалерот наводно и удрил шлаканица и ја плукнал во лице, а тој тоа во својата изјава го демантираше.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

Да потсетиме, полицијата по пријавата на пејачката отишла во нејзиниот дом, а таа одбила да оди на преглед во здравствената установа и одбила да оди во полициска станица да даде изјава.
Наведената мерка на Тошиќ му е изречена согласно Законот за спречување на семејно насилство.

фото инстаграм/Душко Тошиќ

-Почитувани следбеници, пријатели и членови на медиумите. Обично не сакам вака да се обраќам бидејќи сметам дека моето име, лик и дело треба да се поврзани исклучиво со спортската приказна и добрите хуманитарни дела. Го следев она што повеќето медиуми го објавуваат последниве денови и затоа сум принуден да се огласам на овој начин. Како што знаете и гледате, секаде ме прикажуваат како насилник и во секој наслов сум негативна страна. Јас сум првиот од оние кои не поддржуваат насилство и никогаш не сум го употребил. Затоа сакав да знаете дека воопшто не се пронаоѓам во тие наслови на весниците! Луѓето кои ме познаваат знаат дека сум човек кој секогаш се труди да биде џентлмен каде и да е и што и да прави. Затоа би сакал да знаете дека овој пат ќе останам доследен на себе, ќе игнорирам измислици и ќе чекам да помине овој ветер против мене, изјави Душко по скандалот.

Фото Инстаграм/ Dusko Tosic

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close