Кафе муабет

Дознајте дали веќе избрале име: Петар Грашо зборуваше за тоа како се чувствува како иден родител

Откри дека чувствува позитивна трема...

Петар Грашо и неговата сопруга Хана Хуљиќ веќе подолг период се главна тема во медиумите.

фото инстаграм/Петар Грашо

Најпрво настана бум кога се дозна дека тие се во врска откако Грашо ја раскина дваесет и четири годишната врска со Данијела Мартиновиќ.

фото инстаграм/Петар Грашо

На оваа тема многу се дискутираше но ниту Грашо ниту Данијела не ја открија вистнската прчина за разделба.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Двајцата продолжија понатаму, па Грашо и Хана стапнаа на лудиот камен а наскоро ќе станат родители.

фото инстаграм/Петар Грашо

Ова ќе биде прво дете на Петар и Хана, а тој откри и како се чувствува како иден родител.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

– Никој што ќе стане родител не треба да има страв, тоа е слатко очекување. Доаѓа нешто ново, ново битие, некој нов твој печат, до крајот на животот, најубавиот. Не се плашам, заврши Грашо.

Фото Инстаграм/Петар Грашо

Ќерката на Хана и Грашо треба да се роди во јули, а како што рече гордиот зет на Тончи Хуљиќ, тие се семејство кое живее сосема нормален живот.

фото инстаграм/Петар Грашо

– Сеуште немаме име, рече Грашо.

ФОТО: Петар Грашо / Инстаграм

За потсетување, Данијела во интервју за хрватскиот магазин Глорија, за прв пат конкретно и искрено одговори во какви односи е со Грашо.

Фото инстаграм/Петар Грашо

– Луѓето обично очекуваат драматична приказна бидејќи непишано правило е дека врските завршуваат драматично. Но, кога имаш личност која ја почитуваш и цениш, тогаш раскинувањето е уште понеразбирливо. Но, вистината е дека секој се развива со свое темпо. Се случува некои работи, кои ни беа важни, со текот на времето да станат речиси ирелевантни, што нè збунува, и да почнат да не окупираат и да не прават среќни некои други работи за кои не ни помислувавме дека можат да станат епицентар на нашите животи.

фото инстаграм/Петар Грашо

– Кога тоа се случува во врска, најискрено и најдобро е секој да продолжи да се развива во свој ритам и правец. Доколку одлуката се донесе во вистинско време, остануваат меѓусебното почитување и благодарност – рече таа, а потоа додаде:

фото инстаграм/ Данијела Мартиновиќ

– Мислам дека најлошата и најопасна работа е да останеш во врска поради страв или обврска. Тогаш врската завршува со горчлив вкус во устата. Неопходно е да го слушате вашиот внатрешен глас бидејќи тогаш нема лошо сценарио. Во длабочините има мир кој е секогаш присутен без разлика што се случува на површината, а таа длабочина е заедничка за сите и таа многу подобро од нас знае што е најдобро за секого. Кога ќе погледнам преку моето рамо во своето минато со оваа временска дистанца, јасно можам да забележам дека сите најтешки ситуации отворија неверојатно убави насоки, за кои не сум сонувала ниту во моето лудило, ниту во сон – истакна пејачката.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/ Данијела Мартиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close