Кафе муабетНовости

Дејан им помага на сиромашните семејства – детски насмевки наместо солзи, радост наместо глад!

Тој својата хуманитарна мисија ја започнал најпрво помагајќи и на баба Живка...

Дејан Марковиќ (Милошевиќ) е човекот со големо срце за кој дозна целиот Балкан.

фото телеграф.рс

Тој во моментот помага на повеќе од 50 семејства а неговата грижа за оние на кои им е потребен достоен живот не завршува тука.

фото телеграф.рс

Имено тој својата хуманитарна мисија ја започнал најпрво помагајќи и на баба Живка, чија животна приказна е тажна и премногу болна, а беше објавена на порталот Телеграф.рс пред точно една година. Тоа беше приказна за слаба старица која заборави да се смее, бидејќи како што тогаш изјави дека во животот и останале многу малку причини за смеење.

Бабата Живка Поповиќ (86), која живееше во село во близина на Курчумлија без струја, сосема сама, без деца, без никој да ја посети и да и донесе храна …

фото телеграф.рс

Нејзините болни зборови дека нема од што да живее, дека нема што да јаде и нејзините солзи ги растопја и најтврдите срца. И тогаш … животот почна да се менува, а насмевката се врати на лицето. Оваа старица е една од првите на која Дејан Марковиќ (Милошевиќ) и помогна со својата организација.

По неговата посета и објавувањето на нејзината тешка животна приказна на Телеграф, многу работи се променија.

Малку храна: кромидот и пиперките што ги садеше во својот двор, беа заменети со полн фрижидер намирници. Волонтерите се погрижија да ја реновираат нејзината куќа, а и купија и шпорет и фрижидер. Нејзиниот дом блесна по многу години, а конечно доби и електричната енергија. Од мај минатата година, баба Живка може да се пофали со полн стомак, таа повеќе не гладува, а со волонтерите кои ја посетуваат секоја недела, таа ја закопа својата осаменост длабоко во себе. Сега има со кој да разговара, да се насмее, да сподели дел од својот живот…

Фото: Фејсбук/ Дејан Марковиќ Милошевиќ

Како што вели Дејан Марковиќ (Милошевиќ), баба Живка и денес му се јавува, за да го „предупреди“ да и донесе расад.

Таа не планира да ја промени навиката да сади зеленчук во својата градина, и покрај фрижидерот, кој секогаш е полн со намирници неопходни за живот.

Животот на Баба Смилјана исто така се промени по средбата со Дејан.

Смилјана Илиќ (75), која живее сама во Блаце, е уште една старица чии солзи го трогнаа Балканот. Без ничија помош таа ја дочекала својата старост во трошна куќа, од кој еден дел изгорел. Таа нема никакви приходи, па добивала храна само од нејзните добри соседи.

Фото: Фејсбук/ Дејан Марковиќ Милошевиќ

Сепак, солзите на бабата на Смилјана беа заменети со  насмевка, благодарение на хуманите луѓе. Оваа прекрасна баба веќе не е ни гладна, бидејќи волонтерите и носат храна што не може сама да си ја обезбеди.

Покрај тоа, и изгорениот дел од куќата беше саниран и реновирана беше речиси целата кука.

Друга стара жена на која Дејан со помош на хуманите волонтери и граѓани успеа да и го промени животот е баба Сока, која живее во селото Чуш, оддалечена 15 километри од Курчумлија, преживувајќи од она што другите и го даваат.

Нејзината трошна куќа и старите sидови биле искречени, а добила нов шпорет, фрижидер, и дрва за огрев.

Фото: Фејсбук/ Дејан Марковиќ Милошевиќ

Беа заменети старите прозорци, а од минатата година, односно од моментот кога ја посети Марковиќ, баба Сока редовно добиваше храна за никогаш повеќе да не биде гладна.

Слатките сестри Даница (10), Николина (6) и Милица (5) од Куршумлија, по посетата на Дејан, добија нов дом во февруари оваа година.

На прекрасните девојки и самохраната мајка Јелена им помогнаа хумани луѓе, но и хуманитарните организации.

Фото: Фејсбук/ Дејан Марковиќ Милошевиќ

Девојчињата се преселија во нова, комплетно опремена куќа, а нивната мајка Јелена, која не можеше да ја сокрие својата среќа во нејзиниот глас, бидејќи со години сврзува крај со крај, изјави за Телеграф.рс дека конечно нивната желба е исполнета а нејзините ќерки се пресреќни во новиот дом.

Фото: Фејсбук/ Дејан Марковиќ Милошевиќ

Тешка судбина имаа и Далибор Цветковиќ (46) од Читораша и неговата слепа мајка Крстана (78).

Овој повлечен и скромен човек имал 24 години кога бил мобилизиран во 1999 година, за време на бомбардирањето на НАТО. Злосторствата од војната го сменија Далибор, кој ги помина годините потоа во кавга со неговите родители.

Таткото по-чина, а тој и неговата мајка едвај преживеаа со 12.500 динари, колку што е пензијата на Крстана, садејќи компири или грав.

Фото: Фејсбук/ Дејан Марковиќ Милошевиќ

Денес, како што вели Дејан Марковиќ, Далибор се чувствува одлично. Хуманите луѓе им купија машина за перење алишта, а Цветковиќ доби и нов телевизор и електричен шпорет. Исто така, беше покрената постапка Крстана да добие личен придружник и помош од 20.000 динари.

Случајот што можеби крена најмногу прашина во јавноста, и кој доби среќен епилог по големата битка, секако е семејството Дачевиќ од Суво дол. Само пред неколку месеци тие едвај врзуваа крај со крај, живеејќи само со скромна пензија а веќе денес – стотици луѓе се подготвени да им помогнат, некои од нив дури и трајно.

Фото: Фејсбук/ Дејан Марковиќ Милошевиќ

Нивната тешка животна ситуација одекна по насилниот обид на работниците од Центарот за социјална работа во Блаце да ги однесат децата во згрижувачко семејство затоа што немаат мајка, а таткото ги остави.

Фото: Фејсбук/ Дејан Марковиќ Милошевиќ

Денес овие деца се среќни, а бабата Лилја конечно е мирна. Доби протеза на ногата и може да се движи, како и домашна нега.

Со месечни стипендии за деца и нејзината пензија, Дачевиќ конечно може да спие мирно, а децата уживаат во исполнувањето на нивните желби и среќното детство.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close