Кафе муабет
“Дете ти не си Цеца”: Фолк дивата искрено прозборе за кариерата на Анастасија-откри детали кои никој не ги знаеше
Анастасија е голема тремаџика...
Фолк дивата Цеца Ражнатовиќ реши за прв пат да даде коментар за нејзината ќерка Анастасија и за кариерата.
Може да се каже дека младата Ражнатовиќ за кратко време постигна голем успех а нејзината мајка секако е горда на тоа.
– Анастасија одлично пее фолк музика, но е ориентирана на поп. На Анастасија не и е лесно. Има успешна мајка и нормално дека ќе ја споредуваат. И кажав ти си Анастасија Ражнатовиќ, а не Цеца и треба да си го изградиш својот пат. Таа не е гладна за кариера, ужива во тоа што го работи и оди полека- полека. Таа е голема тремаџика и ми создаде толкава тензија пред нејзиниот прв настап во Париз што цело време бев со неа таму со умот и покрај тоа што имав настап на Копаоник. Ми поставуваше разни прашања, што ако ми се заглави штиклата на сцената, што ако не пеам добро. Само и реков да се смири и да се опушти – изјави фолк ѕвездата во Нова Јутра на ТВ Пинк.
Цеца откри дека не се оптоварува со објавување песни а се присети и на нејзиниот најголем успех, концертот во Ушче.
– Забава која траеше три часа без ниту еден инцидент. Публиката ме држеше толку многу што можев да пеам седум часа. Добра публика, добар албум, добра песна и резултат мора да има. Кариерата ја прават песните, ако некој албум не доживее успех секогаш има песна што се истакнува. Имав толку многу хитови и песни, што не сакам да ги спуштам стандардите, важен ми е квалитетот. Последниот албум го издадов во 2016 година, но досега ниедна песна не ми се допадна, а да снимам нешто ради ред никогаш не ми падна на памет. Многумина мислат дека сум била мрзелива, но тоа не е вистина… – изјавила Цеца.
Инаку Анастасија периодов е во центарот на вниманието во медиумите и на големо се шушка за нарушените односи меѓу неа и мајката и сестрата на нејзиното момче Немања Гудељ.
Тоа што Анастасија не е во добри односи со семејството на своето момче фудбалер е тема која ја тресе јавноста веќе подолго време, а имајќи предвид дека мајката на Немања Гудељ, Оливера, како и сестрата Вања, беа оние кои први решија да го направат големиот чекор да ја отследат наследничката на Цеца од „Инстаграм“, според мислењето на многумина, токму тие создадоа раздор во оваа врска што можеше да биде идилична.
Причината поради која Оливера и Вања не сакаат никаков контакт со Таша до ден-денес е непозната, бидејќи никој од нив јавно не објави ништо на таа тема, но се повидливо е непријателството меѓу нив.