Кафе муабет
Девојки и завидуваат, момчињата лудуваат по неа: Со новата фотографија Лидија Вукичевиќ го запали Инстаграм- неможе да крене глава од комплименти
Изгледа прекрасно...
За атрактивната актерка Лидија Вукичевиќ како времето да застанало а годините не оставиле трага на неа.
Сега Лидија дополнително предизвина низа коментари и ги украде сите воздишки откако на социјалните мрежи објави фотографија на која позира во костим за капење.
Лидија, која неодамна наполни 60 години, остава без зборови со својот беспрекорен изглед, а телото што гордо го прикажува е она на што многу дами можат да и позавидат.
View this post on Instagram
Овој пат, за потребите на снимањето, актерката позираше покрај базен во црн костим за капење со отвори на страна, додека горниот дел ги истакна нејзините заносни облини и сите коментираат дека изгледа одлично.
Големи очила за сонце, кармин и влажните локни додадоа зачин на оваа сцена, па коментарите и лајковите не престануваат.
Актерката неодамна за медиумите откри дека е поддржувач на природниот изглед.
– Единственото нешто што го направив на лицето беше третман во вид на боцкање, кој ја промовира работата на колагенот. Ја прави кожата кадифена. Освен тоа, ништо друго не сум променила, ниту сум направила естетски корекции. Суштината на мојот младешки изглед е тоа што се средувам од својата 18-та година. Мајка ми беше строга и загрижена за мојот и изгледот на сестра ми, уште како млади девојки почнавме да користиме креми за лице. Покрај генетиката, имам и благодарна кожа на мајка ми. Водам здрав живот, не пијам, не пушам, се хранам поздраво, а сето тоа резултира со мојот изглед, откри актерката.
Лидија постојано добива комплименти поради својата витка фигура, а во една прилика призна дека единствената торта на која не може да одолее е – кох! Таа целосно ги елиминираше сите други слатки, а како што еднаш рече за „Glory“, со задоволство ги користи сите варијанти на мешавината на мед и цимет. Во нејзината диета нема место за глутен и месо, но најмногу се базира на здрава храна.
Лидија Вукичевиќ со години вешто ја крие приватноста од очите на јавноста а како што е познато е дека таа е во врска со помлад сликар од Италија, со кој успешно одржува врска на далечина.
Иако неговиот идентитет се уште е непознат за јавноста, две децении помладиот дечко на Лидија Вукиќевиќ после долго време и донесе радост во животот, а како што признава актерката ужива во секој заеднички момент.
– Мојот помлад партнер ми донесе нова радост. Ми требаше некој сличен, не верувам дека спротивностите се привлекуваат. Не ми треба смирување, туку партнерот да ме следи на мојата бранова должина. Кој ќе се обидеше да ме спушти на земја, на крајот беше спуштен, многу пониско од мене – изјави атрактивната актерка за Стори, која еднаш откри дека се работи за италијанси сликар со кој ужива во љубовта на далечина:
– Се гледаме повремено. Ја сакам љубовта на далечина, никогаш не може да ми здосади, секогаш добро се забавувате и секогаш кога ќе се видиме како да е прв пат. Кога сте постојано заедно, многу работи се откриваат, нешто што можеби не го сакате излегува на површина. Навиката ја убива љубовта. Кога мојот партнер ќе ми стане како брат, време е да си заминам. Бидејќи и двајцата сме уметници, многу добро се разбираме. Не размислувам за преселба во Италија, јас сум типична жена за оваа клима. Со години живеев во Холандија и Турција и сфатив дека најмногу ја сакам Србија, дека е најубаво овде. Можам да патувам, но се враќам затоа што овде се чувствувам најдобро – изјави тогаш за „Глорија“,.