Кафе муабет
ДАРКО ЛАЗИЌ ПОВТОРНО ШОКИРА: Пејачот заљубен до уши- ќе има трето дете со оваа убавица?
Смета дека таа му е судена...
Јавноста е веќе запознаена дека фолкерот Дарко Лазиќ има две деца и тоа ќерката Лорена од бракот со Ана Севиќ, а подоцна доби и син со вереницата Марина Гагиќ.
За неговиот љубовен живот се пишува постојано, особено поради фактот дека фолкерот постојано е во нова врска. Се шушкаше и дека по разделбата од пејачката Барбара Бобак со која беше верен, тој се вратил во прегратките на поранешната, Марина Гагиќ која наводно му дала втора шанса, но се испостави дека се тоа само шпекулации.
Дарко сега е повторно заљубен и моментално ужива во врската со својата девојка Катарина.
Сега се шушка дека Дарко посакува трето дете со својата нова избраничка за која неколку пати истакна дека му го украла срцето и смета дека е вистинската жена за него.
Имено, таа на својот Инстаграм сподели фотографија на која фолкерот целиот е искинат на прославата на нивните пријатели кои добија бебе:
– Човекот зеде пелцер – напиша девојката на Дарко, Катарина која покрај овие зборови додаде емотикон со бебе и на сите им даде до знаење дека најверојатно ќе има бебе со Лазиќ, а по се изгледа и тој сака со неа.
Дарко и Катарина беа во врска пред десет години а тоа го потврди и самиот пејач.
Често сум во врска, не сакам да бидам сам, но овој пат сум со девојка, која ја познавам 13 години – одговори Дарко Лазиќ и додаде:
– Катарина е девојка со која бев во врска пред 13 години една година и еве сме повторно заедно. Се забавувавме кога јас имав 18, а таа 19. Мислам дека тоа е судбина.
– Едноставно сфаќаш дека она што прво си го имал и си го сакал, таа страст траела некаде потисната и дека после 13 години се среќаваме и почнуваме одново и дека страста е поголема од било кога. Тоа е малку сериозно за мене. Иако Катарина не ми верува, таа го чувствува тоа, ја чувствува страста. Сите 13 години ми се во срцето – изјави Дарко.
Сепак, нивните патишта повторно се вкрстија и сега уживаат во љубовта.
Се шпекулираше дека Катарина сега го оставила сопругот поради него, но никој од нив не го потврди тоа.
– Дарко веќе некое време ужива во врска со Катарина С. Таа е една година постара од него, има 32 години. Во брак е три-четири години. Тој човек е спортист, поседува теретана во едно гратче во Срем, каде работи и како тренер. Долго време се обидувале да добијат дете, но не успеале. Отишле и на ин витро оплодување. Веројатно ова е една од причините поради која настана проблем меѓу нив – изјави неодамна извор за српски Курир.
„Со Дарко прва кликна Катарина. Тие веќе подолго време се во контакт преку социјалните мрежи, а се познаваат и долго време. Таа често одела на неговите настапи. Сепак, тие го интензивираа своето пријателство по заедничките тренинзи во теретана и консултациите за исхраната.
Лазиќ лудуваше по неа и не му беше гајле што е мажена жена, тоа воопшто не му пречеше. Иако Катарина се уште официјално не се развела, пред извесно време, без објаснување, само ги собрала работите од куќата во која живеела со сопругот и се вселила кај Дарко“, пренесува порталот.
„Сопругот на Катарина беше во шок, навистина се чувствуваше изневерено. Веднаш ги избриша сите заеднички слики со сопругата, а наскоро и таа го стори истото. Сега се помири со тоа, се врати на тренинзите и на работата, тоа го исполнува. Инаку, Ката и Дарко беа заедно на море. Со нив беше и нејзината помлада сестра. Иако на почетокот тоа го криеја, подоцна се опуштија, па најпрвин објавија селфи од теретана, а потоа таа го бакна во уста додека тој на настап ја пееше неговата песна „Моите бивши жени“, а сето тоа некој го снимил и објавил на социјалните мрежи“, пишува порталот.