Кафе муабет

Дарко Лазиќ побарал благослов од владиката за бракот со Катарина: Се појавија на литургија и сите гледаа во нив!

Размислуваат за брак...

Дарко Лазиќ веќе извесен период е во центарот на вниманието поради неговата врска со Катарина за која вели дека ја познава долги години и дека сите девојки ги изневерувал со неа.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Пејачот пред неколку дена присуствуваше на литургијата во црквата Свети Сава во Врачар каде беше со својата девојка Катарина. Тие двајца дојдоа во Храмот околу девет часот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Тие беа насмеани и среќни, но пејачот во еден момент го совладаа емоциите и заплака над иконите.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Утринската литургија била одржана од владиката Стефан Шариќ. По читањето на молитвата наводно свештеникот им дал благослов за брак и заеднички живот.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Дарко дојде рано во храмот со девојката. Се држеа за раце, а потоа се прекрстија и ја бакнаа влезната врата. Се обидоа да останат незабележани, но не успеаја. Видов дека се восхитуваат на убавината на храмот. Воодушевени, изгледаа како често доаѓаат на ова свето место. Тие присуствуваа на литургијата, се помолија и ги бакнуваа иконите. Палеа и свеќи. Видов дека очите на Лазиќ беа полни со солзи додека ги гледаше светците на куполата. Тој ми изгледа како добар човек. Сигурно имал тежок живот – изјавил соговорникот кој случајно се нашол на лице место.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Според него, владиката Стефан по отслужувањето на литургијата ги благословил:

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Двајцата му пријдоа и владиката им даде благослов. Свештеникот разговараше со нив и видов дека си заминаа среќни и задоволни. Спомнаа заеднички живот и брак, но детали не слушнав. Можеби побарале благослов за венчавката и среќа во заедницата што ја планираат. Важно е да одат во црква. Ова е прв пат да видам дека Лазиќ се приближи до Бога по се што помина во животот. Можеби ова ќе го промени на подобро.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Да потсетиме, Дарко неколку години беше во брак со Ана Севиќ, со која ја има ќерката Лорена. По раскинувањето со неа, ја запознал Марина Гагиќ и со неа вонбрачно го добил синот Алексеј. Потоа беше вљубен во Барбара Бобак со која планираше да се ожени, но нивната врска се распадна по неколку месеци.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close