Кафе муабет

Данијела Мартиновиќ се огласи на Инстаграм и испрати порака до обожавателите: Ве молиме не наседнувајте, тоа е ЛАГА!

Испрати предупредување...

Данијела Мартновиќ веќе со месеци е главна тема во медиумите поради раскинувањето на 25 годишната врска со Петар Грашо.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Овој пат медиумите повторно пишуваат за неа, но за нешто сосема понакво. Имено пејачката упати предупредување до своите следбеници на својот Инстаграм профил.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

„Драги мои, ве молам немојте да паѓате на лажни сајтови кои го користат моето име и ве повикуваат да инвестирате во Биткоин“, напиша таа.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

„Веќе се направени официјални извештаи за онлајн измами во договор со адвокатите“, додаде таа.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Данијела не е единствената хрватска ѕвезда која ги предупреди своите следбеници за измамата. Јелена Розга го направи истото во 2020 година, кога некој што го користеше нејзиното име им понуди на луѓето парична награда од 5.000 куни „поради штетата од корона вирусот“.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Има ново момче?

Многу се шпекулираше дека на Данијела и било многу тешко по разделбата од Грашо, и дека таа се затворила во себе, но сепак таа на неодамна своите следбеници на Инстаграм им се пофали со новата фризура па може да се каже дека пејачката изгледа подобро од секогаш.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Пејачката со годините не го промени многу имиџот, а сега ги врати шишките кои не ги носеше долго време.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

„Убава си во секој поглед“, „Изгледаш како девојче“, „Убава“, „Вечна девојка“, се само дел од позитивните коментари што ги доби, а многумина беа зачудени колку нејзината нова фризура ја подмладува.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Данијела неодамна објави фотографија со Томаж Кавчиќ на Инстаграм, со која ги поттикна шпекулациите на фановите дека ја нашла среќата во љубовта по раскинувањето со Петар Грашо, кој сега е во брак со Хана Хуљиќ, ќерката на Тончи Хуљиќ.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

За потсетување неодамна Данијела откри дека имала голема желба да се реализира како мајка.
Пејачката која покрај тоа што пее и пишува, еднаш објасни како се справува со тоа што не се исполнила во улогата на мајка, и како инспирацијата за создавање ја наоѓа во најтешките моменти.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

-Мајчинството ми е прилично тешка и лична тема, а од друга страна со оглед на тоа што сум пејачка е многу јавна. Понекогаш такви наслови за моето неостварено мајчинство ми изгледаат толку вулгарно, неточно. Затоа, во ранливите моменти на емоционална експанзија, почнав да пишувам, раскажувајќи приказна во една форма во која му се обраќам на моето неродено дете, на моето Малечко. Знаеш, оние долги ноќи кога имаш чувство дека немаат почеток или крај, чувство дека засекогаш ќе останеш заглавен во пукнатината на времето. Сакав да и кажам се од прво лице еднина – изјавила Данијела за Јутарњи пред неколку години, пренесува „Story.hr“.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Пејачката тогаш без тронка двоумење изјави и дека сака да се реализира како мајка и дека не се откажала од желбата, но сепак верува дека ако тоа не се случи, може да ја најде среќа без дете.

фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ
фото инстаграм/Данијела Мартиновиќ

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close