Кафе муабет
Грашо за прв пат јавно откри детали за врската со Хана: Еве што кажа за својата нова девојка!
Грашо вели дека се заедно и дека се среќни...
Иако веќе подолго време се збореше дека Петар Грашо е во врска со 14-години помладата Хана Хуљиќ, парот беше многу таинствен и не даваше никакви изјави за тоа се до сега.
За време на гостувањето во емисијата магазин ИН, Петар за прв пат јавно потврди дека двајцата се заедно, но не откри премногу детали. На прашањето како е Хана, тој одговори: „Многу сме среќни и задоволни и така треба да биде. Хана е многу добро и ние сме среќни“.
За врската на Хана и Грашо многу се зборува, а на фан страната на Грашо се појавија ретки фотографии од среќната двојка. И додека некои од неговите обожаватели не беа баш воодушевени што тој е со неа, други им посакаа убави желби во коментарите.
Иако не се појавуваат во медиумите, двојката повеќе не се крие, па неколку пати беа видени заедно додека се држат за рака, а на нејзиното семејство не му пречи тоа што Петар е близок пријател со таткото на Хана, Тончи Хуљиќ и ја знае Хана уште од мали нозе.
Петар Грашо осуден поради новата девојка!
Многумина беа изненадени кога Петар и Хана ја официјализираа својата врска, па мислењата беа поделени кога станува збор за нив двајца. Додека некои ја поддржуваат нивната љубов, има и такви кои ги осудуваат на социјалните мрежи.
Имено, на една фан страна се појави нивна заедничка фотографија на која некои го осудуваат пејачот за врската со помлада девојка.
„Ми изгледаат како брат и сестра кога ќе ги погледнам, никогаш како заљубена двојка“, „Целосно падна во моите очи“, „Даниела е закон“, „Грашо, премногу си стар за Хана таа може да ти биде ќерка“, се само дел од коментарите.
Сепак, имаше и такви кои истакнаа дека ја поддржуваат оваа романса.
„Слатко. Љубов е тоа“, „Да живее љубовта. Нас обожавателите треба да нè интересира само музиката, а тоа што тој го прави приватно е негова работа“, напишаа дел од фановите.
За потсетување, веста дека децениската врска меѓу Петар Грашо и Данијела Мартиновиќ пропадна, ја изненади јавноста пред неколку месеци. Меѓутоа поголемо изненадување беше тоа што Грашо сега има нова девојка и тоа ќерка на негов близок пријател.
Хана и Грашо соработуваа заедно за неговата песна “Srce za vodiča” , и меѓу нив уште тогаш се родија симпатии. Како што сега пренесуваат хрватските медиуми, романсата трае веќе некое време, а Хана го придружува Грашо на речиси сите настапи.