Кафе муабет
Го остави за Жељко Јоксмовиќ: Ова е поранешниот вереник на Јована!
Јована и Жељко ја започнаа својата романса сосема случајно, додека заедно беа домаќини на Евровизија, која се одржа во Србија во 2008 година...
Поранешното момче на Јована Јоксимовиќ, поточно нејзиниот свршеник, Александар Зеремски, порано беше нејзина голема љубов.
Освен што јавноста знаеше за врската, која беше на чекор до брак, Јована и нејзиниот тогашен партнер со задоволство се појавуваа на многу јавни настани како што беше венчавката на Јелена Карлеуша во 2004 година.
Но откако Јована Јанковиќ стана госпоѓа Јоксимовиќ и создаде идилично семејство со сопругот Жељко, таа повеќе не зборува за нејзиниот поранешен партнер ниту за емотивениот живот пред него.
Љубовта што ја градат Жељко и Јована Јоксимовиќ е моќна, силна, а денес тие двајца важат за еден од најуспешните и најхармоничните парови, кои во бракот комбинираа љубов, и кариера.
Јована и Жељко ја започнаа својата романса сосема случајно, додека заедно беа домаќини на Евровизија, која се одржа во Србија во 2008 година. Меѓутоа, малкумина се сеќаваат дека Јована тогаш имаше свршеник, успешниот бизнисмен Александар Зеремски, кому му го врати прстенот по само неколку недели, бидејќи ја запозна љубовта на својот живот во Жељко.
Меѓутоа, додека беше во среќна врска со поранешниот директор на БК Телевизија, Александар, Јована беше многу заљубена, што можеше да се види на фотографијата, направена во 2004 година на свадбата на Јелена Карлеуша и Бојан Кариќ.
Среќна, насмеана и млада, Јована блеска во прегратките на своето момче Александар, со кого ќе ја прекине романсата четири години подоцна.
Да потсетиме, откако раскина со Јована Јоксимовиќ тој започна врска со Александра Радовиќ, со која денес ја има ќерката Нина. Зеремски се разведе од пејачката една година по раѓањето на неговата ќерка.