Кафе муабет
Го нарекувате криминалец а тој е човек со ангелска душа: Славчо Попоски прозборе за Боки 13, открива детали кои никој не ги знаеше
Боки е голем хуманитарец...
Бојан Јовановски во јавноста познат како Боки 13 Бојан беше осуден на девет години затвор како претседател на невладината организација „Меѓународен сојуз“.
Македонскиот шоумен, по апсењето во акцијата „Рекет“ заврши во истражниот затвор „Скопје“.
Тој беше затворен на 15 јули 2019 година, а Основниот кривичен суд Скопје на 18 јуни 2020 година првостепено го осуди на девет години затвор, а разрешената македонска специјална обвинителка Катица Јанева на седум години затвор.
Како што беше напишано претходно, неговата жалба на решението на скопскиот Кривичен суд за притвор неколку пати беше одбиена, како и барањето да биде префрлен во куќен притвор поради лошата здравствена состојба.
Тој во неколку наврати истакна дека неговата мајка е негова најголема поддршка, и во моментите кога бил дискриминиран, повредуван, понижуван, навредуван, издржувал се благодарение на неа.
Вчера пак метеорологот Славчо Попоски објави фотографија на која тој е заедно со Боки 13 и напиша статус со кој ја изненади јавноста. По кратко време Славчо ја избриша фотографијата од својот профил но статусот се уште е достапен за јавноста.
Имено Славчо вели дека во јавноста се зборува за Боки како криминалец и рекетар но тој всушност е голем хуманитарец.
-Многумина ќе кажете криминалец, рекетар и слично, но оваа до мене е личноста која помагаше на голем број семејства кои имаа проблем со прилив на пари и слично! И за жал на крајот испадна најлош од сите! Тие што на овој човек со ангелска душа му го направија тоа лошо дело да биде сега каде што не треба ќе платат скапо, само полека полека и со тек на време… Не знаат ни самите што ги чека!
Неодамна метеорологот изреволтиран од негативните коментари од како што ги нарекува “Тастатурските Јунаци” реши да се огласи и преку својот официјален Фејсбук профил посвети порака до оние кои му завидуваат.
Славчо во својот статус го спомена и покојниот македонски пејач Тоше Проески и видно изреволтиран истакна дека додека бил жив многумина даваа критики за него, но по неговата см-рт истите тие го нарекуваа ангел…
-Последна објава во мојот живот поврзана за “Тастатурските Јунаци” : Поплави во регионот, еве поплави и во Македонија и поплавени куќи особено во Струшко Враништа! Што мислете вие тастатурски јунаци на какви поплавувања мислам кога најавувам? На оние кои предизвикуваат недај Господе човечки жртви и тоа го чекате за да биде прогнозата успешна? Хаха се лажете и тоа гадно се лажете! Вие пукате од мака и за тоа што заработувам и од многу други страни е тоа вие болката! Во оваа прилика сакам да го споменам и покојниот Тоше Проески, додека беше жив го правевте лош човек и Хомосексуалец, што јас не правам разлика и не делам на никој и секој треба да си го живее својот живот како што сака! Е од после кога загина вие Тастатурски Јунаци де Ангел бил, де незаменлив а и светец го направивте ( Покојниот и повеќе заслужува од светец и тоа затоа што беше со многу добра душа и не знаеше лошо да направи на човек). Ете сега се е разјаснето. Поздрав драги мои подржувачи кои ве има во ОГРОМЕН број од цела Македонија и пошироко од регионот! Продолжуваме и понатаму со нови успеси со Господ напре, а Тастатурските Јунаци нека пукаат од мака зошто мое се, ама баш се погодено во животот!