Кафе муабет
Го крие љубовниот живот од очите на јавноста: Јелена Розга секогаш му се враќа на овој маж!
Љубовниот живот на Јелена Розга доживеа подеми и падови, а пред десет години во јавноста се шпекулираше дали човекот кој и го зароби срцето е Иван Хулиќ, синот на Тончи Хулиќ...
Јелена Розга важи за една од најубавите жени во регионот на која годините не и можат ништо.
Имено нејзиниот љубовен живот често е предмет на коментари и шпекулации. Иако пејачката не дава премногу информации за нејзиниот емотивен статус, според поранешните шпекулации на хрватските медиуми, таа секогаш се враќа кај еден маж.
Откако во медиумите одекна веста дека ќерката на Тончи Хулиќ е во врска со 15-години постариот пејач Петар Грашо, многумина се сетија дека синот на Тончи е поврзан со хрватската sвезда Јелена Розга.
Љубовниот живот на Јелена Розга доживеа подеми и падови, а пред десет години во јавноста се шпекулираше дали човекот кој и го зароби срцето е Иван Хулиќ, синот на Тончи Хулиќ. Според хрватскиот печат, Иван и Јелена се запознале во 1996 година, а емоциите меѓу нив траеле само во 2009 година, кога тој имал 21, а таа 32, пренесува „Јутарњи.хр“.
Иако двајцата тогаш ја негираа врската, според одредени медиуми, се шпекулираше дека Иван бил чест гостин во станот на Јелена.
После тоа, медиумите ја поврзуваа со други мажи, и иако таа никогаш јавно не зборуваше за нив, повторно почнаа шпекулациите дека ќе се врати кај синот на Тончи Хулиќ.
Исто така, во 2013 година се појавија заеднички фотографии на Јелена и Иван, но тоа не значеше дека овие гласини на хрватската јавност беа потврдени, судејќи според фактот дека пејачката никогаш не се огласи во јавноста за нејзината наводна врска со Хулиќ.
Меѓутоа, како што објавија и медиумите таа година, Розга на една телевизија изјави дека е во врска со помлад маж и дека за неа разликата во години не значи ништо што дополнително ги подгреа сомнежите дека се работи за Иван Хулиќ.
Сепак, вистината и денес е непозната, судејќи според фактот дека Јелена Розга и Иван Хулиќ не се огласија по гласините за нивната врска.