Кафе муабет
„Го загубив своето дете”: Фолкерката скршена од болка, прозборе за големата семејна трагедија!
Пејачката истакна дека таа на нејзиниот внук не му била само тетка туку и втора мајка...
Пејачката Јана Тодоровиќ неодамна доживеа голема семејна трагедија, кога ненадејно почина нејзиниот внук Бане, а тажната вест пејачката ја објави на социјалните мрежи.
Јана за прв пат проговори на оваа тема и раскажа што се случило. Пејачката на самиот почеток истакна дека таа на нејзиниот внук не му била само тетка туку и втора мајка а потоа објасни како се случила трагедијата.
„Се опоравувам од најголемата трагедија во мојот живот. Не почина мојот внук, туку моето дете. Тоа е млад живот, тој зад себе остави петгодишна ќерка. Тој не е само дете на сестра ми, тој беше мое дете. Бане порасна кај нас.Ќерка ми доживеа голем стрес, уште ја враќаме во нормала, за сестра ми и да не зборувам.Таа трагедија ми беше соопштена кога бев во Америка на настап, веднаш заминав за Белград.Викнаа брза помош, едвај ја издржав веста“, вели пејачката за српски Блиц, едвај воздржувајќи се да заплаче.
Таа изјави дека се уште е во шок и дека поминале само три недели од трагедијата, дека не е подготвена за никакви јавни соопштенија и појавувања, а се надева дека тоа ќе се случи по Нова година.
„Доби корона и беше малку покрупен. Отиде на лекар, му дадоа антибиотик, но состојбата не му се подобри. Лекарот му понуди да остане во болница и бидејќи не се чувствува добро, тој се согласи. Состојбата наеднаш му се влоши и таа сабота го загуби животот. Само еден ден беше на респиратор. Мислам дека срцето не му беше добро и не беше ни вакциниран“, рекла Јана со треперлив глас.
Таа истакна дека сега најважно е да се држи поради нејзината ќерка, но и сестрата и внуката на кои им е најпотребна. Ќерката на Јана и Бане беа неразделни, бидејќи заедно пораснаа.
„Првпат во животот доживеа толку голем шок, па сега сме цело време со неа. Мораме да продолжиме понатаму“, вели Јана, која вели дека и се јавиле многу пријатели од естрадата и и понудиле помош и дека им е благодарна на сите но и дека поради големата болка немала сила на сите поединечно да одговори.
„Не знаев каде сум, ми требаше време да се составам“, рече пејачката.
Инаку ова не е прва трагедија за пејачката Јана Тодоровиќ. Таа неодамна гостуваше во емисијата “Sceniranje” на телевизијата Курир, каде зборуваше за својот живот и кариера.
Емисијата е позната и по тоа што многумина си ја отвораат душата пред гледачите, а една од беше и пејачката Јана која се осврна на најтешкиот период во нејзиниот живот и како таа го надмина.
– Најтешко ми беше кога почи-наа татко ми и мајка ми. Сè се случи за два месеци. Мама долго страдаше од р-ак, а тато почина од тага за неа – рекла Јана.
Страшната вест и беше соопштена додека беше на пат за да настапува на свадба во Загреб.
– Кога ми се јавија знаев дека сакаат да ме известат дека мајка ми почи-нала. Толку ми беше тешко, што посакував да ме нема- вели Јана.
Дека починал нејзиниот татко исто така дознала додека била на пат.
– Дознав во авионот. Имав настап во Холандија, а кога се качив во авион за Белград, мојот внук му јави на Иван дека татко ми почи-нал – шокантно рече пејачката.
Јана веќе 23 години е во среќен брак со сопругот Иван, со кого ја има ќерката Кристина Џулијен.