Новости

Гоца Тржан низ солзи прозборе за смрттa на Тоше Проески- видела како го извлекуваат од под камионот, откри непознати детали за нивното пријателство!

Тоше живее во нашите срца...

Иако поминаа петнаесет години од неговата cмpт, тој остана вечен непребол.

Фото/ принтскрин

Македонија, но и целиот регион се уште тагува по ангелот, а неговите песни често се преработуваат во негова чест.

Фото/ принтскрин

Не поминува ни ден а на радио да не го слушнеме гласот на нашиот ангел Тоше Проески.

Фото/ принтскрин

Неговиот последен концерт се одржа на 5 октомври во 2007 година на Градскиот стадион во Скопје, а само 11 дена подоцна тој заг-ина во сооб-раќајна незгода.

Фото/ принтскрин

Во негова чест Управниот одбор на Меѓународната фондација „Тоше Проески“ – Крушево традиционално одржува хуманитарен концерт на неговиот роденден.

Освен концертот, поминаа и петнаесет години од неговото последно интервју во „Вртелешка“ во кое Тоше зборуваше дека е изморен, а многумина ова интервју го карактеризираа како претскажување на она кое се случи наредниот ден.

Фото/ принтскрин

Тоше кој тогаш имаше 26 години, само неколку часа по интервјуто тргна на пат како совозач со својот автомобил и кај Нова Градишка дојде до кобен судар.

Фото/ принтскрин

Патуваше во Загреб за снимање на снимање два спота, а неколку часа пред да тргне на пат тој додека зборуваше со Весна Петрушевска-Бејби и Васил Зафирчев делуваше изморен и нерасположен.
На прашање дали сака малку да се тргне од се Тоше одговори: „Би сакал да се тргнам од се, но не можам. Машинеријата ме стави, како што велат во „бубањ“ и готово. Нема назад. Барам заздравување од дневни интервјуа, шминка, отстранување шминка, пакување.“

Фото/ принтскрин

„Патувања за Загреб, и назад, патување за Австралија … Доста ми е од сè“ рече Тоше со вознемирен глас и додаде:

„Јас правам грешки како и секој нормален човек секој ден. Јас не сум безгрешен, светец или ангел, далеку сум од тоа, но исто така сум далеку од грдите приказни што ми се припишуваат откога бев познат ” рече тој.

Фото/ принтскрин

За жал тие два спота никогаш не беа снимени, но Тоше засекогаш ќе остане во нашите срца!

Тој 16 октомври 2007 година целата естрада беше завиена во црно а неговата пријателка и пејачка Гоца Тржан искрено и со грутка во грлото зборуваше за болната загуба.

фото инстаграм/ гоца тржан

Гоца се присети на нивната соработка и песната „1200 милји“, а потоа и на моментот кога дознала за несреќата во која животот го загуби најпознатиот македонски пејач.

Пејачката во една прилика изјави дека дознала за смртта на Тоше од пријателка која и рекла дека видела видео од местото на настанот.

фото инстаграм/ гоца тржан

– Лена имаше два-три месеци, се уште бев свежо породена. Ми се јави другарка од Загреб и плаче. Таа ме праша: „Вистина ли е дека Тоше умре?“, јас реков: „Не тропај, како умре?!“ Таа вели дека е вистина, го видела видеото како го извлекле од под камион кај Градишка. За жал, во тоа време не можев да одам на погреб поради малото бебе, тоа ми беше голем стрес – изјави Гоца во емисијата „Премиер викенд специјал“.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Никогаш нема да заборавам дека отидов во македонската амбасада да се потпишам во книгата на ожалостени. После неколку години работев во Прилеп и спиевме во неговото родно место. Потоа отидов во Музејот и на неговиот гроб. Некако се простивме. Често кога ја пејам „1200 милји“ нешто ќе се случи. Затоа мислам дека луѓето кои биле толку сакани и талентирани никогаш не уми-раат – заклучила пејачката.

Фото/ принтскрин
Фото/ принтскрин
Фото/ принтскрин
Фото/ принтскрин

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close