Дом и семејство

Гоца Тржан за посвојувањето: Сакаме на некое дете да му овозможиме достоен живот

Сака да посвои момче...

По пет неуспешни ин витро оплодувања Гоца и Раша донеле одлука да посвојат дете.

фото инстаграм/ гоца тржан

Желбата да добијат дете е заедничка, но решиле дека доколку не успеат по пат на Ин витро, на едно дете да му дадат подобар живот.

фото инстаграм/ гоца тржан

– Гоца беше многу тажна кога доби негативен резултат, сепак не се предава, таа е голем борец и не сака да бега, а најголема поддршка има од сопругот Раша. Иако по петти пат се подложија на вештачко зачнување, веројатно ќе се обидат повторно за некое време. Сепак, разговарале и решиле доколку наскоро не успеат да се остварат како родители, да започнат со процесот на посвојување. Разговарале со Сергеј Четковиќ, кој посвоил две девојчиња, а тој им објаснил се за постапката. Бидејќи веќе ја има ќерката Лена, Гоца би сакала да посвои момче – вели извор за Стар.

фото инстаграм/ гоца тржан

Пејачката неодамна за домашните медиуми проговори за одлуката да посвои дете. Таа откри дека таа и Раша немаат можност да посвојат новороденче. Според законот, 48-годишна жена не може да посвои новороденче, бидејќи разликата меѓу посвоителот и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години.

фото инстаграм/ гоца тржан

– Постапката за посвојување деца е морничава бидејќи мора да се исполнат различни барања, а има и одредени ограничувања. Мора две-три години да собираш хартии и да се бориш со глупости. Разговарав со Сергеј Четковиќ, кој ги посвои своите ќерки и кој ќе се обиде да направи нешто за да ги забрза тие процедури. Бидејќи не можеме да посвоиме бебе, јас и Раша се договоривме да избереме дете на кое финансиски ќе му помогнеме – откри Гоца за плановите за иднина…

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

За потсетување, неодамна таа донесе одлука да го откаже учеството на Беовизија, за со сопругот Радомир Новаковиќ по петти пат во Прага да помине процес на ин витро оплодување.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

Но, Гоца Тржан објави дека и овој пат не успеало ин витро.

Фото Инстаграм/Гоца Тржан

– Не би сакала сега да зборувам за тоа бидејќи ги добив резултатите и тие се негативни, не сум бремена – со кнедла во грлото Гоца ги објави резултатите во емисијата „Премиера“.

фото инстаграм/ гоца тржан

– Секогаш кога ќе ми кажат дека вонтелесното оплодување не успеало и дека не сум забременила, паѓам во депресија. И тогаш се прашувам: “Зошто го правам ова?” И секој пат треба да го најдам одговорот и силата да одам понатаму. Затоа што ќе вреди ако успеам! Јас црпам сила од љубовта кон животот. Се опкружувам со луѓе кои ми се допаѓаат, добри книги и музика – вели пејачката за Информер и додава дека ин витро оплодувањето многу влијае на нејзиното тело и мисли:

фото инстаграм/ гоца тржан

– Борбата за потомство звучи благородно, но всушност се работи за тешки маки и притисок. Воопшто не е лесно да се издржи хормонската терапија. Еден месец се чувствувам како да сум луда и имам биполарно растројство, нерасположена сум… Стомакот ми отекува затоа што задржувам вода. А потоа после се што поминувам, следува неизбежното прашање: „Дали успеавте во ин витро оплодување?“ Ајде, марш! Преку глава ми е да одговорам на такви прашања, бидејќи мојата интимност е многу чувствителна.

фото инстаграм/ гоца тржан

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close