Кафе муабет

Гоца Божиновска прозборе за љубовниот живот: Ова никој не го очекуваше од пејачката!

Откри детали за својот приватен живот...

Пејачката Гоца Божиновска призна дека ставила ботокс на челото, со цел да го освежи својот изглед!


– Ставив ботокс на челото. Ќе бидам одлична баба, баба бабетина како и да ме викаат! Со нетрпение го чекам тоа, иако Мирко никогаш не ми спомна брак и деца – рече Гоца и додаде дека е подготвена за нова љубов:


– Никогаш не вели никогаш. Ако ми се случи љубов и моето срце затрепери, сè е можно. Сепак, за да се омажам на овие години, мажот мора да има милион квалитети. Како прво, никогаш не би била со некој помлад, затоа што ми треба сериозен човек. Дури и да не ја разбира мојата работа, јас би се откажала од пеењето.

Инаку пред извесно време пејачката која го очекува своето прво внуче се пожали во медиумите дека нејзиниот син Мирко Шијан и забранил да зборува во јавноста за нивниот приватен живот.


Гоца на почетокот јавно зборуваше за односот со нејзината снаа и откри како таа се снаоѓа во заедница, сега признава дека Мирко и забранил да открива било што за односот и плановите кои тие двајца ги имаат бидејќи, како што и самата истакна тие се сега посебно семејство.


– Не можам да кажам ништо повеќе. Сеуште не го знаеме полот на бебето. Повикајте ги, Мирко и Бојана, па нека ви кажат, тие сега се посебно семејство. Повеќе не знам ништо, ниту какви се плановите, ниту што прават, затоа што им пречи кога зборувам за нив во медиумите. Сега, сè ми е забрането, дури и да се мешам во плановите и средувањето на собата на бебето.

Сè уште не сум била во Тител да прославам со пријателите, но овие денови треба да се организираме. Ќе биде празничен ручек за да можеме официјално да се сретнеме. Претежно сум во Краљево, а родителите на Бојана имаат разбирање за мене – откри пејачката, која планираше прва да биде домаќин на родителите на Бојана, но таа сепак ќе оди во Тител да ја побара снаата како што налагаат српските обичаи.

Пред извесно време познатата пејачка истакна дека нејзиното внуче ќе биде „крал или кралица на Сурчин“. Гоца Божиновска планира да препише сè што има стекнато на нејзиното внуче.

фото инстаграм

– Само за да се сакаат и да бидат среќни, јас ќе направам се за да биде така сè додека сум жива – рече таа.

Познатата пејачка изјави дека сè уште немала време да размислува за подарок за бебето, не знае дали тоа ќе биде златник, дијамант или позлатена лажица со иницијали.

„Сигурна сум дека сè што стекнав ќе му оставам на моето внуче. Ќе живее како крал или кралица. Ако е машко, тој ќе биде крал на Сурчин – рече пресреќната Гоца Божиновска.

Освен што истакна дека нејзината снаа е прекрасно воспитана, Гоца во една прилика проговори и за тоа каква е Бојана како домаќинка. Мајката на младиот Шијан истакнува дека Родиќ е неприкосновена во кујната, толку многу што дури и жените на педесет години не можат да и парираат.

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close