Кафе муабет
ГОЛЕМА ПРОСЛАВА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА НАЈПОЗНАТИОТ ТУРСКИ ПАР: Честитките пристигнуваа од сите страни!
Актерот наполни 52 години...
Еден од најпознатите и најуспешните турски актери Халит Ергенч наполни 52 години.
Халит се прослави со улогата во серијата „1001 ноќ“ и Сулејман Величествениот. Овој турски заводник води подеднакво возбудлив живот и пред и зад камерите.
Најмногу внимание привлекува неговиот љубовен живот, кој иако се труди да го држи подалеку од очите на јавноста, сепак не успева.
Имено, Халит и неговата 12 години помлада сопруга Бергузар Корел имаат три деца, а се запознале и се заљубиле на снимањето на серијата „1001 ноќ“.
Меѓутоа, Халит беше во брак со 14-години помладата актерка Гизем Сојсалди, а Бергузар беше во долгогодишна врска.
Бергузар набрзо го напуштила своето момче, а Халит поднел барање за развод од Гизем, која во тоа време била бремена, па решила да абортира.
Исто така, по патувањето на Шехерезад и Сулејман во Париз во 2008 година, сè се смени, а младата актерка потоа ја прекина долгогодишната врска и го остави партнерот поради колегата без многу помпа.
Актерот на поранешната сопруга и дал паричен надомест од 250.000 лири за време на бракоразводната парница за што поскоро да заврши сето тоа.
Откако се венчаа во 2009 година, локалните медиуми почнаа да пишуваат дека парот имал проблем. Наводно, за се е виновна актерката Мерјем Узерли која глумеше со Халит во серијата „Сулејман Величествениот“. Турските медиуми пишуваа дека Бергузар полудела поради интимните сцени меѓу нив и затоа се разведуваат.
Турските медиуми пишуваа и за кризата во нивниот брак минатата година, кога актерот го поврзуваа со неговата колешка Туба Бујукустун.
Парот и овој пат не ги коментираше тие медиумски написи, а судејќи по фотографиите на социјалните мрежи делуваат посреќни од кога било.
Инаку она што најмногу ја шокираше јавноста е тоа што, поранешната турската актерка Гизем Сојсалди, воедно и поранешна сопруга на Халит Ергенч, по разводот се омажи за братучедот на Халит, турскиот режисер Хусеин Карабеј!
Свадбата се одржа во Барселона, а на свадбената веселба присуствуваа само неколку блиски пријатели, бидејќи роднините на невестата, но и младоженецот не го поддржаа нивниот брак, турските медиуми, беа многу разочарани.
-Ништо полошо не можеше да се случи! Сега се појавија сомнежи дека Гизем и Хусеин имале нешто додека таа била во брак со Халит, па тој полудел. Бидејќи досега соработуваа на деловен план, никој не знае како би можела да изгледа нивната прва средба по склучувањето на овој одвратен брак – истакнаа тогаш пријателите на Халит. Инаку, Гизем и Халит кратко време беа во брак по што подоцна актерот вплови во нова романса, со неговата сегашна сопруга Бергузар Корел.
Поранешната сопруга на Халит, непосредно пред разводот со актерот, заврши на психијатрија во болница во Истанбул. Гизем била хоспитализирана откако земала десетици лекови со намера да си го одземе животот. По тридневна кома била префрлена на психијатрија каде останала до закрепнување.