Дом и семејство
Голема прослава во домот на Сека Алексиќ- пејачката со убави вести ги израдува фановите…
Јован наполни две години...
Синот на Сека Алексиќ и Вељко Пиљикиќ, Јован, го прослави роденденот во домот на пејачката во Стара Пазова, а целата атмосфера беше како од бајка.
Гордите родители на малиот му приредија изненадување кako од бајките.
Честитките не престанаа а за Јован внимателно беше избрана специјална торта, кој со задоволство ја сподели со својот постар брат Јаков.
Семејната сцена ги разнежни сите следбеници на Сека Алексиќ на социјалните мрежи кои беа трогнати од фактот колку пејачката и нејзиниот сопруг се обидуваа да ги изненадат своите деца.
– Среќен роденден, наш ангелу. Те сакаме до небо, душо. Господ да те чува засекогаш – напиша гордата мајка под фотографијата која ја објави на социјалните мрежи.
Инаку, Сека долго време се бореше за потомството од кое во ниту еден момент не помислуваше да се откаже, па еднаш рече дека Господ ја благословил.
– Ова е благослов, бидејќи Господ рече: Ова е моментот кога ќе останам бремена. Што се однесува до мене и мојот сопруг, тоа го сакавме уште пред пет години, но јас едноставно низ тој духовен живот сфатив дека земните работи се моментални и дека не може да се биде толку задоволен од нив. Од друга страна, некако треба да се види дека човек живее духовно спокојно, од таму доаѓа љубовта, од таму е радоста. Ако можеби сте љубоморни на некого, тогаш сфаќате дека тоа е целосно небулозно и нема потреба од тоа, бидејќи ако некој има нешто друго, а вие го немате, можеби тој нема нешто што вие го имате. Сето тоа некако убаво го составив и навистина мислам дека ова е дар од Бога и чекавме пет години. Мислам, не чекавме, сакавме да се случат сите тие пет години и никогаш не изгубив надеж и знаев дека има причина за тоа. Можеби сите овие години Господ ме чуваше од нешто многу лошо, на кое можеби ме изложуваше таа бременост во претходните пет години – изјави пејачката во една прилика.
Во една прилика пејачката откри и дека успеала да остане бремена со Божја помош!
– Мојот пат кон потомството не беше лесен, јас сум личност која чекаше седум години да роди дете. Јас и сопругот се боревме седум години да добиеме дете. Ин витро оплодувањето е само 30 проценти.
Направив три ин витро оплодувања, третото успеа, првите две беа неуспешни. Кога ја решивме мојата отпорност на инсулин, беше многу полесно, пиев апчиња четири години, тие помогнаа да се реши тој проблем.
Кога се решивме за третото ин витро оплодување, по совет на мојот духовен отец, отец Никола, и по предлог на друг свештеник, отец Аца, неговиот колега, започнав да го пијам маслото од Свети Нектариј.
Отец Аца беше на Егина и му донесе масло од Свети Нектариј и му рече на мојот духовен отец, отец Никола да ми го даде мене и на мојот сопруг Вељко – започна Сека, а потоа продолжи:
Што се однесува до маслото од Свети Нектариј, постои правилник, не можете да го користите без благослов и постојат правила како да се користи, колку капки се земаат.
Жената го пие, се причестува и потоа оди во процес на ин витро оплодување. Ние го почитувавме сето тоа. Се причестив и отидов на оплодување, му благодарам на Бога, мојот Јаков се роди.
Сека тогаш зборуваше за следниот процес, кога беше бремена со нејзиниот помлад син Јован.
– Две и пол години подоцна, отидов повторно на Ин витро оплодување, само ќе ви кажам дека молитвите на Свети Нектариј беа одговорени од Господ и дека Вељко и јас станавме родители.
И Бог дозволи да станеме повеќе. Верниците кои веруваат, тие знаат кој е Свети Нектариј, тој е голем чудотворец.
Бев и на Егина, каде што живееше и каде беше погребан. Неговите масла се навистина чудесни, го лекуваат секој што има проблем. Неопходно е човекот да има верба, тогаш половина од проблемот е решен – рече пејачката.
– Вељко е полн со љубов, не само за семејството туку и за сите останати, затоа понекогаш се лутам, бидејќи сака да посвети внимание буквално на секоја ситница. Тогаш сфаќам дека грешам, бидејќи всушност е христијански и така треба да работиме сите – започнува пејачката.