Кафе муабет
Гламурозно по теркот на холивудските дами: Агнеса го прослави својот роденден- сите зборуваат за тортата, овие детали ќе ви го одземат здивот
Агнеса го прослави роденденот во еден скопски ресторан...
Познатата скопска инфлуенсерка Агнеса Органџиева вчера во друштво на своите најблиски го прослави својот 39-ти роденден
Раскошно и гламурозно во нејзин стил, Агнеса направи забава за паметење во еден скопски ресторан.
Облечена во црно мини фустанче со впечатливи детали, таа и овој пат ги собра сите погледи. Косата ја собра во опавче а шминката и обетките и дадоа посебен гламур.
Агнеса реши роденденските свеќиќки да ги дувне на црна торта украсена со бисери. Целиот амбиент го надополнија црно-сивите балони и големиот натпис “The one and only Agnesa”.
Агнеса каде и да се појави прави бум, па така беше и вчера кога инфлуенсерката го прослави својот посебен ден.
Таа доби низа комплименти за изгледот а не изостанаа и честитките со убави желби.
Инаку неодамна Агнеса во интервју за Гламур.мк истакна дека се уште не е заљубена и дека го чека вистинскиот кој ќе знае да се носи рамо до рамо со неа.
Таа отворено зборуваше и за тоа дали повторно размислува за брак, на што беше брутално искрена и одговори:
„Зошто да не, би сакала, нормално. Сепак, за мене тоа е лист хартија и не ми е мерило за такво нешто, и другите треба да го разберат тоа. Тоа е само еден потпис што го користиме секој ден на работа“ одговори Агнеса.
Таа во една пригода изјави дека мажите се плашат да и пријдат, па во врска со тоа за Гламур магазин изјави:
„Тоа е така зашто сум заштитена со мојата аура и не можат да ја пробијат. Треба маж со еднаква аура за да можеме да бидеме на иста вибрација. Кај нас повеќето мажи се со ниска вибрација и леталото не знаат да го контролираат па се рушат“.
Во продолжение уште неколку фотографии од русокосата која буквално го одзема здивот каде и да се појави: