Кафе муабет
Ги изненади сите го коментарот: Фолкерот Џани по наводната афера јавно и се обрати на сопругата!
Одамна се шпекулираше дека пејачот е виден со љубовницата во авион, а сега се наведува дека со неа го прославил роденденот...
Фолкерот Радиша Трајковиќ Џани, кој веќе 25 години е во брак со сопругата Слаѓа и со која имаат две деца, деновиве е во центарот на вниманието поради скандалот со неговата наводна љубовница.
Имено во медиумите се појавија слики од пејачот Радиша Трајковиќ Џани, на кои се гледа како го бакнува атрактивна бринета.
Сликите од наводната прељубна постапка на пејачот беа објавени на неговиот профил на Инстаграм.
Според шпекулациите на медиумите, станува збор за неговата стара љубовница. Одамна се шпекулираше дека пејачот е виден со љубовницата во авион, а сега се наведува дека со неа го прославил роденденот.
За целата ситуација зборуваше и сопругата на пејачот, која не беше изненадена од новинарските прашања.
– Не сум ги видела тие нови фотографии, знам само за оние од 2016 година, сето тоа е старо. Не знам од каде дојде оваа приказна. Ќе ги разгледам новите слики и ќе споредам, ако излезе дека се случува нешто со кое што не сум запознаена, ќе направам хаос- рече Слаѓа за српскиот портал Република.
– Не знам што да кажам, не сум прочитала ништо, мојот сопруг е секогаш со мене, не знам. Ова се стари фотографии, сигурно, убаво живеам, ништо друго не ме интересира – објасни таа во изјава за Телеграф.
Но она што изненади многумина и покрај сите шпекулации е тоа што пејачот ја коментираше фотографијата на се уште легалната сопруга.
Имено Слаѓа на социјалните мрежи објави фотографија под која Џани коментираше „Љубов моја“, додека нејзиниот син ја нападна и ја предупреди јавно: „Ајде, не прави такви фаци, ти кажав 10 пати“.
Иако во медиумите се пишуваше дека пред неколку дена Џани организираше интимна прослава само за двајцата во викенд куќа со базен каде бил со својата љубовница, сепак се чини дека бракот со Слаѓа одлично функционира.
Љубовницата на Џани, извесна Сања, важи за една од најатрактивните девојки, за која многумина воздивнуваат, но се чини дека популарниот пејач успеа да ја освои.