Новости

ГЕРМАНСКИ ВИРУСОЛОГ ОТКРИВА КАКО ДА ЈА ПОБЕДИМЕ КОРОНАТА: Само вака може да се спасиме!

Тој вели дека инциденцата во Германија е сè уште прилично ниска

Иако се чини дека беа неизбежни новите строги мерки во Германија сепак познатиот германски вируолог Кристијан Друстен смета дека „мини-блокада“ би била сосема доволна.

 

Тој смета дека тринеделна блокада ќе и помогне на земјата на долг рок да се справи со големиот број на заболени, и да се олабави здравствениот систем кој е пред колапс.

“Нема преговори со овој вирус. Тој едноставно наметнува блокада кога ќе достигне одреден број на заразени пациенти”, објаснува тој.

Тој вели дека инциденцата во Германија е сè уште прилично ниска.

foto inz.ba/

“Добро е што стапнавме на сопирачката сега, така ќе имаме долгорочен ефект. Тоа ќе ни заштеди многу време”, додаде тој објаснувајќи ги сите ефекти кои би ги имала Германија од привремената блокада.

Друстен беше тој кој се залагаше за три неделна блокада на Германија бидејќи според него само така  дополнително ќе се намали инциденцата и ќе има долгорочен ефект.

Тој посочи дека мини блокадите веќе постојат во некои делови на Велика Британија и се воведени да спречат колапс на здравствениот систем. Во исто време, таквата блокада не би ја загрозила многу економијата.

Според него најдобро е да се прават брзи тестови во групи, односно ако некој на работа е позитивен, веднаш да се тестираат сите останати со брз тест.

Foto: Profimedia

“На тој начин би знаеле за 15 минути дали имаме кластер или не. Тогаш ја изолираме целата група”, рече Достен, додавајќи дека ова е многу побрза постапка отколку тест за PCR, кој трае неколку дена.

Рекорден број на заболени во Германија

 

Од почетокот на пандемијата во Германија, 449,275  лица биле заразени со вирусот корона, а над 10 илјади лица починале.

Нов рекорд на заболени од Ковид-19 во Германија беше забележан вчера кога биле потврдени 14.964 новозаразени случаи со коронавирус.

Ова е најголем дневен пораст во земјата од почетокот на пандемијата.

Германија во четиринеделен карантин 

Германската канцеларка Ангела Меркел на вчерашниот состанок со премиерите на 16 германски покраини, договори од 2-ри ноември Германија да биде во карантин кој ќе трае четири недели.

Германија планира построги ограничувања за приватните и јавните собири а продавниците, училиштата и градинките ќе останат отворени.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close