Кафе муабет

Вљубена и среќна – ВОДИТЕЛКАТА МИЛЕНА АНТОВСКА УЖИВА ВО РИМ СО СОПРУГОТ

Водителката на патување во Италија со сопругот...

Гледачите на утринската програма на Канал 5- „Здраво Македонијо” секое утро имаат чест да ја гледаат Милена Антовска- Станковска, која важи за една од најубавите и најдобро стилизираните водителки кај нас.

фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска

Јавноста ја запозна како една од првите водителки на утринската емисија на Канал 5 телевизија каде заедно со водителот Роберт Јанков ја водеа програмата.

Фото: Инстаграм/Милена Антовска Станковска

Милена Антовска, а последните неколку години и Станковска важи за една од најубавите и најзгодни тв-лица кај нас.

фото Фејсбук/Милена Антовска-Станковска

Изминатата година Милена паузираше од тв-екраните, користејќи породилно отсуство по втор пат откако на свет ја донесе нејзината втора ќеркичка Јоана.

Фото: Инстаграм/Милена Антовска Станковска

Да се остане доследен и професионален во било која професија не е лесно. Напротив, тоа е многу тешка задача за секој од нас. Но, доколку си ја сакаш работата да се биде професионален мислам дека не треба да биде проблем. Јас искрено се’ уште не можам да се замислам како работам нешто друго и затоа секој ден ми е нив предизвик затоа што постојано сум во комуникација со различни профили на луѓе со кои обрботуваме теми од сите животни сфери – откри Милена за константноста во нејзината професионална работа во интервју за Гламур.

фото Фејсбук/Милена Антовска-Станковска

 

Деновиве, водителката ужива во прекрасната Италија, заедно со нејзиниот сопруг.

    Фото: Фејсбук/Милена Антовска Станковска

Поточно, Милена е во посета на преубавиот Рим, а на социјалните мрежи објави низа фотографии со кои ги долови познатите знаменитости на Рим.

Познат е како Светиот град и мислам дека речиси секој што бил во Рим го посетил токму Ватикан… Иако сум била пред повеќе од 15-ет години повторно сакав да го посетам седиштето на папата, кој претставува поглавар на Римокатоличката црква.

    Фото: Фејсбук/Милена Антовска Станковска

Нема многу да ве заморувам со историски факти, но ќе кажам дека многу ми е криво што не успеав да влезам во замокот Сан Анџело (фото бр. 2) затоа што само во понеделник бил затворен за туристи, а ние баш тој ден отидовме бидејќи не проверивме ? Но, здравје ете причина плус пак да одам. Како утеха се сликнав за спомен и на мостот Елиус (сегашното име на мостот е мост Сан Анџело), напиша Милена во описот на фотографиите кои ги постираше на Фејсбук.

Во продолжение погледнете ги фотографиите од Италија:

Фото: Фејсбук/Милена Антовска Станковска

Фото: Фејсбук/Милена Антовска Станковска

Фото: Фејсбук/Милена Антовска Станковска

Фото: Фејсбук/Милена Антовска Станковска

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close