Кафе муабет
,,ВЧЕРАШНИОТ ДЕН МИ БЕШЕ ЕДЕН ОД НАЈУБАВИТЕ ВО ЖИВОТОТ’’ – Јоана наполни една година и и’ направивме крштевка – Водителката Милена блесна од среќа
Славеа роденден и крштевка...
Гледачите на утринската програма на Канал 5- „Здраво Македонијо” секое утро имаат чест да ја гледаат Милена Антовска- Станковска, која важи за една од најубавите и најдобро стилизираните водителки кај нас.
Јавноста ја запозна како една од првите водителки на утринската емисија на Канал 5 телевизија каде заедно со водителот Роберт Јанков ја водеа програмата.
фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска
Милена Антовска, а последните неколку години и Станковска важи за една од најубавите и најзгодни тв-лица кај нас.
фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска
Изминатата година Милена паузираше од тв-екраните, користејќи породилно отсуство по втор пат откако на свет ја донесе нејзината втора ќеркичка Јоана.
фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска
Во октомври, водителката се врати на работа, пред малите екрани, па на социјалните медиуми сподели:
,,Како да не поминала една година. Имав навистина убаво утро и топло добредојде од моите гледачи. Додека не влегов во студио всушност не бев ни свесна дека ова ми недостасувало’’, напиша Милена.
Водителката неодамна ја покажа и својата ќеркичка Јоана на социјалните мрежи, па и таа како и нејзината позната мама доби низа комплименти дека е преслатка но дека е копија на тато Гордан.
фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска
Пред неколку дена водителката го прослави својот 36-ти роденден.
По тој повод колегите од Канал 5 и приредија низа изненадувања, а Јелена Спенџарска ја изненади со преубав букет цвеќе.
фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска
Милена објави фотографија на Инстаграм а под неа напиша:
,,Колегиве ми велат дека и со 36 години ,,газам’’.
фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска
Ви благодарам на сите за преубавите зборови и искрени честитки – напиша водителката.
фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска
Вчера семејството на Милена има уште еден убав повод за прослава.
фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска
Имено, во еден познат скопски ресторан тие се собраа да го прослават роденденот на помалата ќеркичка Јоана која наполни една година, а воедно и беше крстена.
фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска
,,Вчерашниот ден беше еден од најубавите во мојот живот. Јоана наполни една година и и правевме крштевка. Им благодарам на сите наши блиски луѓе што дојдоа и направија денот да биде уште попрекрасен’’ – напиша Милена на Фејсбук
фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска
На прославата имаше доста јавни личности и гости.
За музиката и доброто расположение беше задолжен пејачот Огнен Здравковски, внукот на Зоран Џорлев.
фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска
Милена објавви повеќе семејни фотографии на кои се гледа колку се тие искрено среќни!
Среќен роденден и среќна крштевка Јоана!
фото инстаграм/Милена Антовска-Станковска