Новости

Во црн фустан во стилот на Одри Хепберн првата дама на Македонија и оддададе последна почит на Кралицата Елизабета Втора

Покажа дека може да се биде елегантен и во ваква пригода...

Каде и да се појави, дали е некој официјален настан или обичен ден на работа, сопругата на претседателот Стево Пендаровски, Елизабета Ѓорѓиевска секогаш ги собира сите погледи.

фото инстаграм/Елизабета Ѓорѓиевска

Нејзиниот шарм и енергија секогаш привлекуваат внимание, а ефектот е уште посилен кога ќе се појави во некоја добра модна комбинација.

фото инстаграм/Елизабета Ѓорѓиевска

Првата дама на Македонија во придружба на својот сопруг, претседателот Стево Пендаровски се појави на погребот на Кралицата Елизабета Втора каде оддадоа почит на посмртните останки пред денешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија.

фото принтскрин/Фејсбук

Она што на многумина им падна во очи е тоа што Елизабета и повторно блесна во беспрекорно издание и покажа како и во ваква пригода може да се биде елегантна дама.

фото принтскрин/Фејсбук

Првата дама на Македонија, Елизабета Ѓеорѓиевска заедно со претседателот и нејзин сопруг Стево Пендаровски замина во Лондон за да оддаде последна почит на Кралицата Елизабета Втора.

-Дојдовме во Лондон за да оддадеме последна почит на Кралицата Елизабета Втора. Голема почит за децениите во служба на народот и за тоа што беше пример за лидерство, скромност и великодушност. Нека почива во мир, напиша претседателот Стево Пендаровски на својот официјален Фејсбук профил.

фото Фејсбук/Стево Пендаровски

Во црн фустан во стилот на Одри Хепберн првата дама дефинитивно и овој пат покажа дека знае да се носи со секоја пригода.

Фото принтскрин/Фејсбук

Во комбинација со бели бисери и минијатурни обетки таа даде посебна нота на елеганција.

Фото принтскрин/Фејсбук

-Со сопругата оддадовме почит на посмртните останки на Кралицата Елизабета Втора, пред утрешната погребна церемонија во Вестминстерската опатија, напиша претседателот Пендаровски кој за оваа пригода избра елегантен класичен костим.

Фото принтскрин/Фејсбук

Елизабета често плени со својот изглед и насмевка, а често ја споредуваат и со кралицата Летиција.
„Конечно имаме прва дама со стил“, се честите коментари кои може да ги прочитаме под фотографиите на социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Да потсетиме, Елизабета, е вработена на Клиниката за детска и превентивна стоматологија и е професорка на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје.

Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска
Фото: Инстаграм/ Елизабета Ѓоргиевска

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close