Кафе муабет
Во овој пејач Весна Змијанац била заљубена со години- му посвети еден од нејзините најголеми хитови!
Муслимовиќ наводно бил вљубен во Злата Петровиќ, но таа не била заинтересирана за него...
Пејачката Весна Змијанац важи за една од најголемите ѕвезди во регионот а нејзиниот љубовен живот секогаш беше интересен за јавноста.
Во поранешна Југославија важеше за една од најголемите ѕвезди. Таа беше почитувана од сите нејзини колеги и колешки, но најмногу од нејзиниот драг колега и пријател Дино Мерлин. Тој во една прилика и изјави благодарност до Весна што поради нивниот дует на добро познатата песна „Кад замиришу јорговани“ успеал да ја освои Србија.
Имено, јавноста беше запознаена со тригодишниот брак на Весна со хармоникашот Мирољуб Аранѓеловиќ Кемиш, кој веќе долги години е во брак со Зорица Брунцлик.
Сепак во 80-тите години на минатиот век Весна и Кемиш беа лудо вљубени.
Весна Змијанац тогаш беше една од најпознатите пејачки, а имаше кратка руса виткана коса, додека Кемиш носеше скоро идентична фризура како и денес.
На црно-белатафотографија беа фатени како страсно се бакнуваат, а фотографијата пред извесно време стана вирална на социјалните мрежи.
Денес Кемиш е во среќен брак со Зорица Брунцлик повеќе од 35 години и важат за еден од најпопуларните парови на естрадата. Тие заедно ја имаат ќерката, Злата Аранѓеловиќ.
“Таа мудро молчеше, бидејќи сфати дека тоа да биде жртва ќе и донесе некаква корист. Тогаш и се здосади од тоа и се обидовме на различни начини да кажеме дека никој не зема ничиј сопруг. Дури и ја молев да се сретнеме за да и го вратам: “Како да тој не се прашува за ништо! Сите ове децении не успеавме да ги запреме приказните”, објасни неодамна Зорица Брунцлик во емисијата “Сценарио” и стави крај на приказните дека и го земала сопругот на Весна.
Со оглед на тоа што песната „Неверо моја“ ја компонираше Кемиш, која сè уште е еден од најголемите хитови на Весна, многу се шпекулираше дека е посветена токму за него. Сепак, пејачката еднаш призна дека овој безвременски хит бил наменет за нејзиниот колега Халид Муслимовиќ, во кој била заљубена со години.
Весна и Халид заедно ги направија првите чекори на сцената, а тој беше нејзината голема љубов во осумдесетите.
– Кога Халид го објави албумот „Направи барем еден погрешен чекор“, сфатив дека тоа е песна наменета за мене, по што донесов одлука да барам друг маж и да се омажам. После тоа песната „Неверо моја“ му ја посветив на Халид – изјави Весна Змијанац.
Инаку, Муслимовиќ наводно бил вљубен во Злата Петровиќ, но таа не била заинтересирана за него.
– Едно време и живеев со него бидејќи тогаш многу патувавме, имавме по три концерти дневно. И тогаш Халид ми кажа дека сум негова неостварена љубов, а јас му реков: „Чекај маче, редот е долг“, се пошегува Весна.
За потсетување, првиот сопруг на Весна Змијанац е доктор по економија Владо Јовановиќ,со кој во 1989 година ја добиле Николија.
Со оглед на тоа што Николија тргна по стапките на нејзината мајка,нејзиниот тато никогаш се нема појавено во медиумите.
По разводот со Весна, Владо повторно се оженил и во вториот брак добил уште две деца.
Владо Јовановиќ никогаш не сакал јавно да се експонира , а не бил ни пресреќен дека неговата ќерка ќе се занимава со пеење, што тоа го потврдила и самата Николија.