Новости

Водителката од „Брза кујна“ го покажа трудничкиот стомак и со својата убавина ги воодушеви сите

Водителката Александра Илиевска блеска во својата бременост

Најубавата трудница!

Првите денови од Новата 2021 поранешната водителка на „Брза кујна“ деновите ги минува во кругот на семејството. Таа за некое време ќе треба да се оствари во улога на мајка, но и покрај тоа што е во напредна бременост, се уште е мошне активна и на социјалните мрежи. Редовно објавува фотографии, а во истото време и се подготвува за доаѓањето на бебето.

Александра Илиевска и нејзиниот сопруг Александар уживаат и во празничната магија, а од фотографиите можеме да видиме дека идната мама изгледа прекрасно и очигледно добро ја поднесува бременоста.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Заради вирусот корона и бебето води сметка каде се движи и се придржува до пропишаните мерки што можевме да го видиме и од нејзината заедничка новогодишна фотографија со сопругот на која и двајцата носат маски. Таа изгледа позитивно и среќно, посебно кога е облечена во нејзините интересни и топли модни изданија, со капут, капа и чизмички во весели бои.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Фотографиите што ги објавува на својот Инстаграм многумина ги коментираат со воодушевување.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Потполно е опуштена и никогаш не изгледала посреќно, а тоа го забележуваат и нејзините фанови и колеги.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Бременоста и годи, а тоа се одрази и на нејзиниот физички изглед, па сега едноставно блеска во секое свое издание.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Инаку, таа и Александар пред да се заколнат на вечна љубов во 2016 година, беа во врска цели 16 години.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

Таа во една пригода за нејзината љубов ќе каже:

„Со Александар сме 16 години заедно и уживаме во љубовта. Благодат е во животот да пронајдете партнер кој ќе ви е поддршка во се. Тој е мојот најголем критичар и личност која секогаш е реалист, а јас сум сонувачот“.

„Животот е компромис, во секој сегмент треба да се има разбирање и поддршка за нешто да успее, а љубовта се негува за да опстои долги години“ изјави убавата водителка во една пригода за нејзиниот сакан.

Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска
Фото: Инстаграм/ Александра Илиевска

 

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close