Кафе муабет
Вистинска дама: Лидија Вукичевиќ ја покажа својата сестра – сличноста е неверојатна!
Внимание привлече и пораката на Лидија Вукичевиќ, која ја посвети на нејзината сестра...
Актерката Лидија Вукичевиќ, покрај улогите што ги имаше на ТВ екраните, позната е и по својот карактеристичен физички изглед – црна виткана коса и расни облини. Сепак, малкумина знаат како изгледа нејзината сестра, која исто така е вистинска убавица.
Марина не се појавува во јавноста, но сепак, кога актерката објави фотографија на својот Инстаграм профил, луѓето веднаш почнаа да коментираат дека двете изгледаат совршено.
Внимание привлече и пораката на Лидија Вукичевиќ, која ја посвети на нејзината сестра:
“Сестра-именка без заменка. Ти благодарам што ме поддржуваше кога грешев, ти благодарам што ме заштити и ме направи силна. Ти благодарам што ме смееше кога бев тажна, ти благодарам што ме враќаш на вистинскиот пат кога ќе ја изгубам картата. Ти благодарам што секогаш беше тука.Те сакам “.
“Марина и Лидија! Две убавици”, “Марина е копија на тетка Мира”, “Зборови што лекуваат” се само дел од коментарите.
Иако важи за една од најубавите и најатрактивни актерки на овие простори сепак многу малку се знае за приватниот и емотивниот живот на Лидија Вукичевиќ.
Пред извесно време во јавноста излезе веста дека Лидија е во врска со сликар од Италија.
– Тие сè уште ја кријат својата љубов од јавноста, но бидејќи имаат меѓусебни пријатели, сите веќе се сомневаат дека нешто се случува меѓу нив, истакна тогаш добро упатен извор.
На големо изненадување на многумина, откако во медумите почна да се шушка дека има момче, актерката потврди и откри дека е во врска со сликар од Италија, кој е десет години помлад и за кого вели дека донел нови убави моменти во нејзиниот живот бидејќи е сличен на неа а тоа и недостасувало.
– Се гледаме повремено. Сакам љубов на далечина, никогаш не можe да ви биде досадно, секогаш ви е убаво, се сакаме еден со друг и секој пат кога ќе се видиме како да е прв. Кога сте постојано заедно, многу работи излегуваат на површина. Навиката ја убива љубовта. Кога мојот партнер ќе ми стане како брат, време е да заминам. Бидејќи и двајцата сме уметници, многу добро се разбираме. Не размислувам за преселба во Италија, јас сум типична жена за ова поднебје. Живеев со години во Холандија и Турција и сфатив дека најмногу ја сакам Србија, дека овде најмногу ми се допаѓа. Можам да патувам, но секогаш се враќам затоа што тука се чувствувам најдобро – рече таа за Glory.
– Мојот помлад партнер ми донесе нова радост. Ми требаше некој како мене, не верувам во привлекување на спротивности. Не треба да се смирувам, туку партнерот да ме следи на мојата бранова должина. Кој ќе се обиде да ме спушти на земја, завршува спуштен, многу пониско од мене – рече актерката и додаде:
– Јас сум класична емотивна личност, но со емоциите мора да се управува добро. Се обидувам да не се предадам на секого и неодамна сфатив дека многумина ме гледаат како социјална институција, затоа што можам да слушам, емпатична сум и апсорбирам како сунѓер, што на крајот негативно влијае на мене. Одлучив да направам избор за тоа кога треба да го правам тоа – изјави таа за „Стори“.