MAMA

Вистинската жена има целулит: Овие МАЈКИ гордо ги посочуваат сите несовршености на нивното тело! Не се срамете од тоа што сте (ФОТО)

Не се срамете од тоа што сте

Совршената жена постои само на фотографии, во реалноста е поинаква. Некои од нас се борат со целулит, други со вишок тежина и тоа е добро, велат овие познати дами.

Целулитот ја мачи скоро секоја жена, а во денешно време се чини дека е срам да има одредена несовршеност на телото. Во ерата на Фотошоп и социјалните мрежи е наметнато правило дека сите жени мора да изгледаат врв, кожата да им биде сјајна, лицето без брчки, и извајаните нозе и абдомен се земаат здраво за готово.

Во морето на познати личности кои потклекнаа на овој тренд и не се осмелуваат да објавуваат фотографии без обработка, овие 3 дами се меѓу ретките кои гордо го покажуваат своето тело и ја испраќаат пораката дека е совршено во ред да се биде несовршен и дека шармот е во овие мали несовршености на секоја жена.

„Сите не мора да бидеме исти и не сакам да личам на која било друга жена. Имам целулит и вишок килограми и не се срамам од тоа“, рече Деми Ловато во една прилика.Со овие фотографии, тие сакаа да испратат важна порака до сите жени. Вистинска жена изгледа вака:

Целулитот е проблем со кој се борат многу жени. Причина за тоа се присутните масти во телото, староста, генетиката и лошата исхрана. Па, нема сомнеж дека исхраната е важна кога е во прашање настанувањето, но и третманот на целулитот.

Храната која го топи целулитот, во принцип е здрава храна. Затоа, обидете се да јадете две до три порции зелен лиснат зеленчук и овошје дневно. Ако сте во можност, нека бидат органски. Освен тоа, пијте многу чиста вода, со цел да го прочистите телото од токсини кои предизвикуваат целулит. Еве што се препорачува да консумирате.

Магдонос

Магдоносот ја поттикнува детоксикацијата и придонесува за намалување на целулитот. Тој е богат со витамин А, Ц и Е, како и со хранливи материи важни за здрава кожа. Едноставно, додајте свеж магдонос како зачин во салати, чорби, сендвичи и други јадења.
Хељда

Хељдата е лесно сварива интегрална житарица која, покрај тоа што е комплетен протеин, исто така е богата со витамини од Б групата и хранливи влакна. Поради тоа таа е неверојатно важна храна која го топи целулитот, затоа што помага да се отстранат токсините од телото.

Цитруси

Поради своите способности да ги согоруваат мастите, цитрурсите (лимон, портокал, грејпфрут), може да ви помогнат кожата да ви изгледа мазно и сето тоа благодарејќи на високото ниво на витамин Ц кој го содржат. Консумирањето цитруси исто така може да ве одржи хидрирани.

Лосос и туна

Рибиното масло секогаш е одличен извор на омега-3 масни киселини. Ако не ви одговара овој вкус, добрата вест е што и лососот и туната се богат извор на есенцијални омега-3 масти. Само две или три порции неделно би биле доволно за да се изборите со проблемот наречен целулит.

 

Tags

Препораки

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Close
Close