Новости
ВИКИ ПРЕЖИВЕА ВИСТИНСКИ ПЕКОЛ ПОРАДИ БОЛЕСТА НА СИНОТ АНДРЕЈ: Да не и се случи на ниту една мајка!
Пејачката откри дека 2015 година била многу тешка за неа
Името на Вики Миљковиќ на музичката сцена опстојува веќе 20 години, а таа од девојче од Ниш, родено 1974 година, стана образована пејачка. Дипломирала на Музичката академија во Приштина.
Денес таа важи за една од најатрактивните пејачки во регионот, која воедно е и дел од жирито на едно од најголемите музички шоуа Ѕвездите на Гранд.
За нејзината успешна кариера, како и за кариерата на многу други ѕвезди во регионот заслужна е Марина Туцаковиќ која во раните 90-ти ја слушна Вики како пее, почна да плаче и рече дека ќе и помогне да го сними својот прв албум.
Вики е во брак со Драган Ташковиќ со кого го има синот Андреј. Имено колку што е познато во јавноста на почетокот на нивната врска се противеле неговите родители затоа што тој веќе имаше еден брак пред Вики.
Сепак, тие се венчаа и го добија синот Андреј.
Вики постојано истакнуваше дека мајчинството за неа е најубавата улога. Таа паралелно уживаше во родителството и во успешната кариера, но во 2015 година започна вистински пекол за неа како мајка.
Вики која инаку малку зборува за својот приватен живот, сега си ја отвори душата и рече дека таа година била вистински пекол за неа, кога нејзиниот син Андреј се разболе.
Пејачката вели дека и денес сè уште не сака да се сеќава на тие тешки моменти низ кои помина додека не се опорави нејзиниот син.
– Андреј неколку дена имаше треска, од која не можевме да се ослободиме со сирупи, капење, ракии … Ниту еден доктор ниту бабин лек не помогнаа. Отидовме на лекар, направивме крвни тестови и целата агонија траеше неколку дена, а потоа температурата спадна и тоа беше првата ноќ кога Андреј спиеше нормално. Само што помислив дека сè е готово, ме разбуди неговиот плач: тој викаше како не може да застане на нозе. Тие моменти беа страшни – тоа повеќе не се случи – изјави Вики еднаш за локалните медиуми.
На момчето му беше дијагностициран грч на мускул поради вирус кој „дивееше“ во телото на детето.
Сепак, Андреј за среќа се излечи и сега е здраво 13-годишно момче.
Пред извесно време Вики откри и како го одржува бракот со сопругот.
-Секој ден мене ми е нешто ново, и се трудиме да се забавуваме за да не ни биде достадно, вели пејачката.
Пејачката пред извесно време откри дека била заразена со корона а сега таа, нејзиниот син и сопругот се чувствуваат добро, иако признава дека не знаат каде се заразиле.
„Сите бевме заразени. Се придржувавме до мерките, не одевме никаде без маска, немавме контакти, но можеби тоа се случи по пат, во лифтот, во продавница … морав да одам во продавница за да се прехраниме.
“За среќа, симптомите беа лесни. Најтешко беше со сопругот, јас имав треска два часа. Сè ме болеше, ме болеа и мускулите”, рече Миjковиќ.